Овие 7 реченици ги изговараат само слабите личности: Одлики на инфериорните и неспособните луѓе!

Ако сакате луѓето да веруваат во вас, прво мора да верувате во себе. И кога верувате во себе, тоа мора да се види и да се слушне.

Личноста која верува во себе не треба да звучи молежливо и смирено. Поточно, ако ги кажете следните 7 реченици, нема да звучите ниту способно ниту силно, туку како еден обичен слабак!

Овие 7 реченици ги изговараат само слабите личности: Одлики на инфериорните и неспособните луѓе!

1. Не сакам да ве вознемирувам, но…

Кога станува збор за нешто важно и итно, веројатно треба да „вознемирите“ некого или да контактирате со некого. Вие навистина не сакате да почувствувате непријатност поради изложување на вашите проблеми пред другите луѓе и да чекате одговор. Најмногу се плашите од одбивање.

Оваа фраза треба да ја заборавите засекогаш. Кога ќе ја изговорите, вие веднаш дозволувате контрола врз вас од страна на друга личност или група на луѓе и се прикажувате како неодлучни. Ако не сте сигурни дали другата личност има време да разговара со вас, кажете: Ако имате минута, би сакал да зборувам за некои проблеми/ нешта /предлози…

2. Се извинувам… (без причина)

Силната личност која верува во себе, никогаш нема да се плаши да ја признае својата грешка и да се извини за тоа. Но, за слабите, зборот „извини“ се повторува дури и кога нема потреба од тоа. На овој начин покажувате дека сте инфериорни. Колкупати на ден го кажувате овој збор? Колкупати навистина треба да се извините? Дали навистина сторивте нешто лошо? Размислете внимателно пред да кажете „извини“!

3. Се грижам дека…

Несигурните луѓе ја користат оваа фраза многу често. Тие навистина се загрижени за нешто, но тоа е премногу и е без реална основа. Кога ќе го кажете тоа гласно, ќе покажете дека размислувате многу за негативниот исход од некоја ситуација и дека немате информација за позитивен исход. На крајот, сите ќе започнат да ве избегнуваат затоа што никој не сака негативен став.

4. Јас ќе го направам тоа…

Успешните луѓе не се плашат да преземат одговорност и да стапат во акција. Но, тие само ја извршуваат својата работа за која се одговорни, во никој случај не преземајќи ги сите можни други детали – од варењето кафе до чистењето на канцеларијата, покрај нивната основна работа. Кога го правите ова, автоматски покажувате дека сте слаба личност која не се почитува себеси, така што и другите нема да ве почитуваат. Бидете тимски играч, но немојте да правите сè, наместо другите.

5. Јас сум само…

Секој пат кога ќе ја кажете оваа фраза, автоматски ја намалувате важноста на она што го кажувате.

6. Ако не ви е тешко, дали може да…

Секогаш кога практично барате дозвола да побарате нешто, вие испраќате порака дека вашето барање не е толку важно. Притоа, вие му олеснувате на другото лице да ве одбие. Кажете сè што имате со нормален тон на гласот, со доверба, дури и ако разговарате со вашиот шеф. Не користете молежлив тон, за тоа да не изгледа како да барате помош. Започнете со следниве зборови: Кога ќе имате слободно време, ве молам…

7. Верувам/мислам/чувствувам дека…

Тоа се сосема бесмислени фрази што укажуваат на вашата несигурност. Наместо да кажете: Верувам дека ова е важно за нас, кажете јасно и авторитативно: Ова е многу важно за нас.

Можеби сакате да ги прочитате и овие 8 совети од шаолинските монаси за здрав и исполнет живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар