8 совети од шаолинските монаси за здрав и исполнет живот

8 совети од шаолинските монаси за здрав и исполнет живот

Често велиме дека здравјето е највредното нешто што го поседуваме. Но, колкумина од нас вистински внимаваат на своето здравје? Ако сакаме да направиме нешто за да бидеме подобри, тогаш мора да почнеме уште денес! Токму затоа и решивме да ги споделиме овие совети од еден од шаолинските монаси, кој е мајстор за боречки вештини и исклучително мудар човек. Прочитајте ги во продолжение и почнете со промена на однесувањето уште од денес!

1. Не размислувајте премногу. Дополнителните мисли ви одземаат многу сила и енергија, па поради грижите можете предвремено да остарите.

2. Не зборувајте премногу. Луѓето се делат на оние што зборуваат и оние што делуваат. Делувањето е подобро. Кога работите, работете 40-тина минути, а потоа направете пауза од 10-тина минути. Кога постојано гледате во нешто, тоа може да ги оштети и вашите очи и вашето тело.

3. Кога сте среќни, контролирајте се. Ако ја загубите контролата, среќата може сериозно да го наруши вашето здравје, особено вашите бели дробови.

4. Заборавете на лутината. Лутината, заедно со грижата, најмногу ги оштетуваат вашите црева, како и црниот дроб.

5. Кога јадете не се прејадувајте. Никогаш не претерувајте со храната бидејќи можете значително да ја оштетите вашата слезина.

6. Кога нешто правите, правете го тоа темелно. И никогаш не застанувајте! Запомнете ја изреката: „Побрзајте полека и ќе стигнете побрзо до целта.“

7. Работете, но исто така и движете се. Ако не си го активирате телото и правите само умствена работа, болеста е неизбежна.

8. Слушајте што ви кажува телото. Тоа најдобро знае што му треба, па затоа е и клучно да почувствувате што треба да направите.

Прочитајте ги и овие дополнителни 7 кратки, но моќни мудри совети на монасите од храмот Шаолин.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар