Освојувајте со поглед: Едноставни мејкап трикови за девојките со крупни очи

Кога ќе погледнете некој, првото нешто што го забележувате се очите. Тоа на некој начин се подразбира поради контактот со очите во текот на комуникацијата, и доколку сте девојка која сака да се шминка, се грижи за својот изглед и впечатокот кој го остава, тогаш со сигурност сакате магичен поглед кој заведува и остава без зборови. Некако, крупните очи се првата асоцијација за таков ефективен поглед, а за среќа, со помош на малку шминка можеме да го постигнеме тоа што го сакаме – покрупни очи и убав поглед кој никого нема да го остават рамнодушен.

1-osvojuvajte-so-pogledot-ednostavni-mejkap-trikovi-za-pokrupni-ochi-www.kafepauza.mk_

Најнапред, да тргнеме од пределот околу очите. Ако сакате да имате убав, впечатлив поглед, тогаш нема да сакате да имате подочници и брчки околу очите, се согласувате? Токму поради тоа обезбедете хидратантни креми со кои ќе го негувате тој предел околу лицето, а барем еднаш неделно препуштете си себеси хранлива маска.

2-osvojuvajte-so-pogledot-ednostavni-mejkap-trikovi-za-pokrupni-ochi-www.kafepauza.mk_

Кога сме веќе кај подочниците, токму тие прават нашите очи да изгледаат поситно. Сокријте ги со помош на коректорот во соодветна нијанса, но не заборавајте да го нанесете во облик на триаголник, а не во облик на полукруг, како што правевте досега.

3-osvojuvajte-so-pogledot-ednostavni-mejkap-trikovi-za-pokrupni-ochi-www.kafepauza.mk_

За поубав и заводлив поглед задолжително користете извиткувач за трепки со кој не само што ќе ги истакнете вашите трепки, туку и ќе направите вашите очи да изгледаат визуелно покрупни. Потребни ви се само неколку секунди за овој мејкап трик кој никако не смеете да го прескокнувате.

4-osvojuvajte-so-pogledot-ednostavni-mejkap-trikovi-za-pokrupni-ochi-www.kafepauza.mk_

Потоа, логично, следува многу маскара! Потребно е да ја изберете вистинската маскара, односно вистинската четка која најдобро ќе ги „издолжи“ вашите трепки, ќе спречи да се слепат, нема да создава грутки, додека истовремено ќе направи да изгледаат густо, долго и совршено!

5-osvojuvajte-so-pogledot-ednostavni-mejkap-trikovi-za-pokrupni-ochi-www.kafepauza.mk_

Сакате да носите ајлајнер? Одлично! Со помош на овој генијален мејкап изум лесно ќе постигнете визуелно покрупни очи, но задолжително повлечете дискретна, тенка линија, бидејќи таа многу подобро ја „врши работата“ отколку подебелата. Скоро нема ни да се гледа, а вашите очи ќе бидат многу поубави.

6-osvojuvajte-so-pogledot-ednostavni-mejkap-trikovi-za-pokrupni-ochi-www.kafepauza.mk_

Во голема мера може да ви помогне и сенката за очи, а особено сјајните нијанси на сина, розова и виолетова, па дури и некои нијанси на сива. Поиграјте си со разни бои и пронајдете ја онаа која најдобро ви прилега.

SAMSUNG

Не заборавајте дека белиот молив за очи треба да го нанесете на долната линија на окото, за да го направите вашиот поглед “поотворен“. Тој е многу подобар избор за разлика од црниот.

8-osvojuvajte-so-pogledot-ednostavni-mejkap-trikovi-za-pokrupni-ochi-www.kafepauza.mk_

На вашиот магичен поглед во голема мера може да допринесе и хајлајтерот кој ќе го нанесете на врвот на јаболкниците и веднаш под веѓите. Малку сјај може да направи чуда.

9-osvojuvajte-so-pogledot-ednostavni-mejkap-trikovi-za-pokrupni-ochi-www.kafepauza.mk_

И на самиот крај, доведете ги и вашите веѓи во совршен ред – обликувајте ги како што треба и слободно малку „доработете“ ги со молив или сенка.

10-osvojuvajte-so-pogledot-ednostavni-mejkap-trikovi-za-pokrupni-ochi-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

  1. Марија Reply

    Бел молив на долниот капак на крупни очи?! Тотално неприфатливо… Освен ако не е целта да изгледаш како Bratz кукла.

Остави коментар