Осум намирници коишто со сигурност ќе ви ја ублажат болката во грлото

Осум намирници коишто со сигурност ќе ви ја ублажат болката во грлото

Болката во грлото може да се појави во кое било годишно време. Најчести причини за ова се инфекциите предизвикани од бактерии и вируси, како и времето поминато во непроветрени простории, а влијание има и склоноста кон алергии. И самите знаете колку е непријатно кога не можете да голтате, а притоа не може да ви помогнат ниту таблетите за грло. Токму затоа погледнете ги овие неколку намирници коишто имаат моќ да ја ублажат непријатната болка.

1. Сладок корен

Оваа сјајна билка го зајакнува имунитетот, ги уништува бактериите и вирусите и ги ублажува потешкотиите во дишењето. Кога ве боли грлото грицкајте го коренот од ова растение.

2. Жалфија

Чајот од жалфија веќе одамна е познат како лек за грло. Купете жалфија, ставете една лажичка во зовриена вода, поклопете ја и процедете после 15 минути. Со неа плакнете го грлото неколку пати на ден.

3. Сладолед

Ако мислевте дека токму сладоледот придонесува за вашите болки во грлото, тогаш не сте во право. Болките може да бидат причинети од инфекции и вируси, а сладоледот може само да ви помогне во борбата против нив. Ладните и кремасти намирници прават вашата болка да биде значително ублажена. Сјајна вест, зар не?

4. Банани

Ова здраво и вкусно овошје лесно проаѓа низ вашето грло, па сигурно ќе ви биде пријатно да го јадете додека ве боли. Не замерувајте го и фактот дека бананата е полна со витамини и дека таа им помага на организмот и на телото на различни начини. Едноставно, бананите секогаш мора да ги имате на дофат!

5. Варена зелка

Ако нешто знаеме за зелката е тоа дека таа е преполна со витамини, но содржи и антиоксиданси коишто навистина може да го излекуваат вашето болно грло. Прелијте ја со малиново масло и уживајте во јадењето на вашиот сојузник во борбата со болката.

6. Варен морков

Динстани, варени или печени – морковите се толку здрави што ќе ви го зголемат имунитетот и ќе ви ја намалат болката во грлото. Исто така тие се вкусни, а не заборавајте дека се добри и за вашиот тен!

7. Чај

Топлиот чај навистина може да го намали воспалението на грлото. Признајте дека тоа е првото нешто по коешто ќе посегнете кога ќе почувствувате болка. На вас останува да го изберете вкусот којшто го сакате и притоа да уживате во овој пијалак. Освен тоа што ќе ви се ублажи болката во грлото, вие ќе се чувствувате опуштени и многу подобри. Мора да додадеме дека доколку пиете зелен чај можете да си помогнете и во намалување на килограмите.

8. Мед

Оваа слатка намирница можеме да ја пронајдеме во многу сирупи за кашлица и таблети за грло. Медот има антибактериски својства и е вистински лек. Земете една лажица мед секој ден или пак ставете ја во чај. Важно е да не го изоставите и откако ќе помине болката во грлото, затоа што медот е премногу здрав и би требало да го консумирате со чаша млака вода и лимон секое утро.

Чувајте се од болките во грлото, но доколку сепак се појават, сега барем знаете што сѐ може да ви биде од помош!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар