Особини со кои ќе го освоите

Тајната на успехот е едноставна. Мажите не ги привлекуваат жени кои се критикуваат себеси, но и другите. Оние жени кои не знаат што сакаат, се срамат од своето тело или пак се премногу пасивни. Ви ги издвојуваме шесте особини со кои ќе го освоите, а убавината воопшто не е меѓу нив.

osobini-so-koi-kje-go-osvoite-kafepauza.mk

1. Вие сте ентузијастка

Жените се несигурни исто како и мажите, а тоа доаѓа до поголем израз кога некој им се допаѓа. Сексуалниот терапевт Трејси Кокс вели дека ентузијазмот е најважната работа во заведувањето на мажот бидејќи доброто расположение и насмевката се заразни. Исто така, на мажите попривлечни им се жените кои се смеат отколку оние кои се озбилни, иако тие не се толку убави. Нив им се допаѓаат жени кои се полни со живот.

2. Со вас се чувствува како да е единствен во просторијата

Небитно дали влегол Орландо Блум или Бред Пит, ако продолжите внимателно да го слушате и да го гледате во очи, игнорирајќи сè останато, тој ќе знае дека навистина сте заинтересирани за него. А тоа е привлечно за мажите, тврди Трејси. Припадниците на посилниот пол се подеднакво суетни како жените, но пробуваат да го сокријат тоа. За да бидат сигурни што вие навистина сакате, нив им се потребни појасни сигнали.

3. Не се плашите да го допрете

Никогаш не ја потценувајте силата на допирот, ниту пак моќта на жената која не се плаши да го покаже тоа што го сака. Жените често го користат допирот како средство за заведување, небитно дали тие ја допираат својата коса или пак случајно ќе го допрат мажот. Иако многу жени се плашат да преземат иницијатива за бакнежи, со кратките допири ќе го поттикнете тој да го направи првиот чекор.

4. Горди сте на тоа што сте

Самодовербата е клучот на привлекувањето како за мажите така и за жените. Луѓето кои се горди на себе и знаат колку вредат, се оние кои сите ги сакат да ги имаат покрај себе. Самодовербата најлесно ќе ја покажете преку држење до својот став и негрижа за туѓото мислење. Ако зборувате и се однесувате онака како што мислите дека на другата страна би ѝ се допаѓало, верувајте дека тоа лесно се забележува и има одбивен ефект.

5. Не сте опседнати со својот изглед

Држењето до сопствениот изглед и стил е пожелно, но да бидете опседнати со него е одбивно. Луѓето на кои им се допаѓаат овие личности и самите не се доволно зрели. Но на зрелиот маж најмногу му се привлечни оние жени кои се чувствуваат добро во својата кожа, во тренерки и без шминка. Освен тоа, ако се навикне постојано да ве гледа „тип-топ“, очекувајте дека брзо ќе го разочарате.

6. Имате свој живот

Жена со друштвен живот, амбиции и интереси е прав мамец за мажот. Овие квалитети упатуваат на изградена личност, и овие жени се вистински предизвик за секој маж за разлика од оние кои немаат никаква друга работа освен да го поминуваат времето со него. Негувајте и други области од својот живот кои не се врзани за вашиот партнер, бидејќи тоа е гаранција за подобри односи во иднина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар