Одлични фризури за девојките со долга коса

Потребно ви е освежување на вашата коса, но не сакате да ја скратите нејзината должина? Погледнете ги овие одлични фризури кои совршено стојат на сите видови форми на лице и кои ќе ви воведат малку свежина во вашиот изглед…

Предни степени

Одлични фризури за девојките со долга коса

Алисон Вилијамс

„Нејзината коса има повеќе степени околу лицето, со едвај 3 степени позади и на врвовите“, објаснува стилистот за коса Мет Фугејт. Оваа фризура е идеална за оние кои имаат права коса. Што се однесува до формата на лицето, Фугејт објаснува дека степените одговараат на сите форми, но треба да знаете како да ги наместите. „Доколку имате овално лице или во форма на срце, започнете со степените кај вашите јаболчници, но доколку вашата вилица е во форма на коцка, тогаш тие би требало да започнат малку над вашите јаболчници,“ вели тој.

Вретенести краеви

Одлични фризури за девојките со долга коса

Сара Џесика Паркер

Фризурата на Паркер ѝ го намалува волуменот на косата и не дозволува нејзините природни локни да излегуваат од контрола. Нејзините хоризонтални слоеви започнуваат кај клучната коска, но остануваат долги во предниот дел. „На овој начин кога ќе ја наместите косата позади вашето уво, нема да ја изгубите формата на фризурата“, вели Фугејт. „Косата изгледа густа, но средена.“

Долга коса со шишки

Одлични фризури за девојките со долга коса

Тејлор Свифт

Доколку сакате да додадете шишки на вашата долга фризура, тогаш дефинитивно треба да се обидете со стилот од 60-тите на Свифт. За да ги избегнете здодевните форми на шишки, не ги правете премногу широки. „Тие треба да имаат триаголна форма која е во иста линија со надворешните агли на вашите очи, исто како што се кај Свифт“, вели Фугејт. Исто така не заборавајте да ѝ кажете на вашата фризерка да ги скрати на краевите за да не бидат премногу густи и подигнати. Што се однесува до останатиот дел од вашата коса, одржувајте ја едноставна и во една должина, или пак додадете неколку незабележителни степени на врвовите. „Само внимавајте да не ги направите степените околу вашето лице премногу кратки“, предупредува Фугејт. „Тие најдобро ќе изгледаат доколку започнуваат под брадата.“

Долга коса со цврсти локни

Одлични фризури за девојките со долга коса

Бијонсе

„За оваа дива и кадрава форма, потребни ви се совршени кружни степени околу вашата глава со цел да ѝ овозможите на фризурата тежина без притоа таа да изгледа тешка,“ вели Фугејт. Оваа фризура одговара на сите форми на лице, но трикот е во тоа да ги држите вашите степени подолу. Ако подобро ја погледнете фотографијата на Бијонсе ќе сфатите дека нејзиниот прв степен започнува под брадата.

Степени на сите страни

Одлични фризури за девојките со долга коса

Џесика Честеин

За едноставна и разновидна фризура, обидете се со долгите неорганизирани степени на Честеин. „Јас го постигнувам овој изглед на тој начин што ќе земам неколку сантиметри од врвовите на косата и ќе ги исечам така што нема да бидат совршени, притоа држејќи ги ножиците надолу“, вели стилистот за коса Ренато Кампора. Суптилно несовршените врвови на косата прават фризура која е буквално „пери-носи“. Овој стил одговара на сите форми на лице.

Екстремно долга коса

Одлични фризури за девојките со долга коса

Хејли Стеинфилд

Стеинфилд ни покажува дека долгата коса може да биде совршено обликувана без притоа да личи на принцезата Рапанзел. Трикот е во балансирање на врвовите со неколку степени во должина на лицето. „Нејзината коса е во една должина, со исклучок на неколку степени кои започнуваат кај нејзините јаболчници“, вели стилистот за коса Маркус Франсис.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар