Одлична идеја за забави: Направете сладолед од џин тоник со 6 различни ароми

Кога станува збор за додатоци во џин тоник, можете слободно да ја пуштите фантазијата бидејќи дури ни небото не ви е граница… за почеток, пробајте некоја од овие комбинации…

Потребни состојки:
  • Џин тоник со листови ружа и розова пиперка
  • Џин тоник со краставица
  • Џин тоник со кора од портокал и анасон
  • Џин тоник и овошен чај
  • Џин тоник со чај од јагоди
  • Џин тоник со лимон
Начин на подготовка:

Во ароматизираниот џин тоник додајте малку шеќерен или агавин сируп, па сипете го во калапи за сладолед. Оставете да се замрзне на околу 4 часа и потоа уживајте во вашиот нов омилен домашен сладолед.

Остатокот џин тоник можете да го замрзнете во коцки лед за да можете да го разладите вашиот омилен пијалак без да го разводните.

Пробајте го и овој домашен сладолед од кафе (без млечни производи!)

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар