Одлична идеја за лесен ручек: Пилешки џепчиња со салата

Имате пилешко, но немате идеја како да го подготвите? Погледнете го овој едноставен рецепт за вкусно главно јадење во кое лесно ќе вклучите и салата.

Одлична идеја за лесен ручек: Пилешки џепчиња со салата

Ова едноставно јадење е одличен спој на лесно месо (како пилешкото) и вашата омилена салата. Оброкот ќе биде готов за само половина час и ќе нахрани четири лица. Погледнете го овој рецепт, во кој можете да направите измени по желба. На пример, ако не сте обожавател на кремасти преливи, направете свој, а за салата искористете го омилениот зеленчук.

Потребни состојки:

  • 400 г пилешки гради
  • 80 г црвена пиперка
  • 100 г свежо кравјо сирење (кремасто)
  • 100 г мешана зелена салата
  • 40 г шери домати
  • 10 г оцет балсамико
  • 50 мл павлака
  • 40 г  цврст јогурт
  • 3 г медитерански билки
  • сол, бибер, маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. Исчистете ги пилешките гради на поголеми парчиња, зачинете ги и во секое парче направете „џепче“. Исечете го месото малку од внатрешната страна, но внимавајте да не ја оштетите другата страна на градите.
  2. Исчистете ги семињата од пиперките. Потоа ситно исечкајте ги, измешајте ги со кравјото сирење, зачинете ги и смесата ставете ја во вреќичка за полнење.
  3. Наполнете ги градите со смесата и затворете го џепчето од секое парче месо користејќи чепкалки за заби или конец за готвење и игла. Прво, испржете ги на тавата од сите страни, а потоа ставете ги во рерна 15 минути на температура од 180 °С.
  4. Од киселата павлака, јогуртот, зачините и маслото направете прелив за салата. Измијте ја и исушете ја салатата, додајте ги шери доматите исечкани на четвртини, зачинете со сол, бибер, масло и редукција од оцет балсамико. На крај, исечете го полнетите парчиња месо на медалјони, ставете ги врз салатата и прелијте ги со сосот.

Можеби сакате да го прочитате и рецептот за највкусните лазањи со зеленчук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар