Не стапувајте во брак пред да ги одговорите овие 7 прашања!

Процентот на разводи во западните земји покажува дека луѓето релативно лесно се одлучуваат за развод, најверојатно поради разликите во разбирањето на улогите во врската. Според статистиките, разводот често е поврзан со различните ставови за улогите во бракот. Затоа е важно да се утврди како двете страни меѓусебно се гледаат. Треба да се даде можност да се запознаете подобро и потоа да можете подобро да го разберете човекот со кој ќе го поминете својот живот. Се препорачува одговарање на следниве седум прашања пред да стапите во брак.

Одговорете ги овие 7 прашања пред да стапите во брак

1. Дали љубовта е уживање или жртвување за вас?

Пожртвуваност е израз кој многумина го занемаруваат во односот. Средновековните филозофи често овој вид љубов го нарекувале добар чин, а тоа значи дека потребите на другиот ги ставаме пред своите. Но, ако вие сте изворот на љубовта, треба да разговарате за тоа што се случува во ситуациите кога сте исцрпени и немате сила. Може ли другата страна да ја преземе улогата на оној што се жртвува?

2. Дали бракот е нешто привремено или трајно?

Ако личноста каже дека бракот за неа е нешто трајно, добро е да се запрашате зошто мисли така, односно што тоа значи за неа. Што значи заветот за брак на личноста со која стапувате во брак? Тоа покажува колку во тешките ситуации тие се подготвени да бидат тука за вас.

3. Кои лоши работи сте ги научиле од своите родители?

Сите во бракот внесуваме слабости и сили кои се темелат на она што претходно сме го научиле. Затоа, можеби би било добро во разговор да се увидат слабостите кои можете да ги пренесете од вашите родители на вашиот партнер. Она што можете да го научите од нив може да биде ваша идна слика.

4. Што значи да се прости?

Простувањето е основа на секој здрав брак бидејќи никој не е совршен. Многу често ќе бидете разочарани од однесувањето на вашиот партнер, но особено кога станува збор за нешто важно за двајцата, морате да умеете да простите. Простувањето не значи откажување во потрагата за правда, но понекогаш тоа може да биде ставено во втор план.

5. Која улога ја игра храброста во врската?

Храброста не е недостаток на страв, туку чекорење напред кога знаете дека е важно. Храброста ќе ви помогне да ги пребродите тешките периоди. Затоа, обидете се да процените во кој сооднос ја гледате храброста како морална вештина.

6. Што е упорност и имате ли потешкотии да истраете пред предизвиците?

Како вашиот партнер ја покажува упорноста? Дали покажал издржливост во работата, во однос на семејството и пријателите? Ако видите знаци на недостаток на упорност, тогаш бракот може да заврши на ист начин.

7. Кој сум јас за тебе?

Дали вашиот партнер ја гледа вашата човечка вредност? Дали гледа нешто повеќе од тоа како се однесувате, како зборувате, дали сте посебни, единствени и незаменливи? Одговорот на ова треба да биде преку емоциите, да ве сака во добро и во зло. Особините на човекот кој го имате покрај себе доста говори кои сте навистина вие.

За оние кои се двоумат, прочитајте ги и 3-те знаци кои покажуваат дека веќе сте со личноста со која ќе стапите во брак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар