Од 1 до 10: Како да се чувствувате убаво и воодушевено од себеси?

Од 1 до 10: Како да се чувствувате убаво и воодушевено од себеси?

Сите имаме тешки моменти во нашите животи. Кога сѐ ќе тргне наопаку и мислите дека нема крај, морате да запомните дека се работи само за лош ден и дека наскоро сѐ ќе се врати во нормала. Од витална важност е да ја држите главата крената дури и кога сметате дека нејзиниот товар е многу потежок отколку што можете да издржите. Ако ги практикувате овие совети не само што ќе се чувствувате убаво, туку и ќе се цените себеси повеќе.


0-od-1-do-10-kako-da-se-chuvstvuvate-ubavo-i-voodusheveno-od-sebesi-kafepauza.mk

1. Фокусирајте се на внатрешноста

За да се чувствувате убаво мора така и да размислувате. Секој ден потсетувајте се дека вие сте прекрасна личност со неверојатни способности и таленти и бидете благодарни за сите убави нешта кои ви се случиле во животот. Кога ќе започнете да се чувствувате убаво од внатре, тоа ќе се рефлектира и на надворешниот изглед.

2. Користете „благодарам“

Голем дел од луѓето кога ќе добијат комплимент, наместо да речат „благодарам“ веднаш наоѓаат мани. Сигурно ви се случило некој да ви даде комплимент за убавата облека, а вие да кажете дека не ви прилега. Наместо тоа, прифатете го комплиментот и кажете „благодарам“. Веднаш ќе настане промена во вашето расположение.

4-od-1-do-10-kako-da-se-chuvstvuvate-ubavo-i-voodusheveno-od-sebesi-kafepauza.mk

3. Седете исправени

Интересен факт е дека кога седете исправено изгледате погордо и послабо, а тоа ве прави многу посамоуверени. Со самото издолжување на грбот, вовлекување на рамениците и исправување на главата автоматски нивото на самодоверба нагло расте.

Можеби не сте знаеле, но исправувањето на телото му испраќа и убави сигнали на мозокот. Во вакви моменти тој добива „се чувствувам убаво“ вибрации, а тоа влијае врз вашето расположение и веднаш се чувствувате многу посамоуверено.

4. Извлечете максимум од утрата

Разбудете се што е можно порано така што ќе имате доволно време да се подготвите за денот. Скокнете до тушот, направете ја омилената фризура и облечете ја облеката во која мислите дека изгледате најубаво. Ако потрошите малку повеќе време да изгледате убаво, верувајте дека и така ќе се чувствувате.

5. Пронајдете нешто што навистина ви се допаѓа кај себеси

Кога ќе се погледнете во огледало, за промена, концентрирајте се на убавите работи. Разгледајте се и размислувајте за деловите од телото кои ги сметате за најубави. Без разлика дали тоа се вашите неверојатно долги нозе, вашата насмевка или вашите очи, потсетете се дека тие се дел од вас и ве прават поубави. Со самото прифаќање на убавите работи вие многу полесно ги прифаќате и вашите мани.

2-Kako-da-se-cuvstvuate-ubavo-kafepauza.mk

6. Јадете разновидно

За да бидете убави (и здрави!) јадете колоритно овошје и зеленчук. Здравствените придобивки не само што ќе направат да се чувствувате здраво, туку и ќе започнете да размислувате попозитивно.

7. Вежбајте

Иако е напорно и веројатно ќе завршите на подот, без здив и препотени, ова е најдобриот начин за да се чувствувате убаво и да изгледате убаво во текот на денот. Освен тоа, вежбањето носи позитивни вибрации до мозокот, а и вашата кожа добива невообичаен сјај. Утринското вежбање пред туширање е најдобрата опција за да бидете спремни за денот.

3-Kako-da-se-cuvstvuvate-ubavo-kafepauza.mk

8. Согледајте ја реалноста

Во најголемиот дел од времето, бомбардирани сме од нереалниот изглед и совршени жени кои носат мал конфекциски број и на кои и самата Барби кукла би им позавидела. Сфатете дека тие жени не постојат во реалниот свет. За да изгледаат како што изгледаат тие сигурно имаат лични тренери, користат брзи диети и Фотошоп. Кога ќе го сфатите ова, тогаш ќе почнете да ги согледувате убавите работи кај себеси и ќе започнете да се чувствувате убаво во сопствената кожа.

9. Разгалете се

Иако шминката и убавата облека не се најдобриот начин да се здобиете со самодоверба, во ред е одвреме-навреме да тркнете на спа и масажа или да се подновите со парче облека. Некогаш е потребно само малку за да го зголемите нивото на самодоверба и да сјаете.

10. Насмевнете се!

Последно, но не и помалку важно, насмевнете се. Познато е дека насмеаниот лик е попривлечен од обичниот. Исто така, како што исправувањето на телото носи позитивни мисли кон мозокот така и смеењето прави да се чувствуваме посреќни.

3-od-1-do-10-kako-da-se-chuvstvuvate-ubavo-i-voodusheveno-od-sebesi-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар