Која е разликата помеѓу белото и црното чоколадо?

Која е разликата помеѓу белото и црното чоколадо?

Автор: Маја Линкова

Повеќето луѓе сакаат чоколадо. Чоколадото е намирница на која ретко кој може да ѝ одолее. Всушност, чоколадото е најпопуларниот сладок производ во светот. Некои истражувања велат дека јадењето чоколадо може да ви го продолжи животот или да ви го подобри видот, други пак велат дека создава чувство како она кога се заљубуваме. Посакуваната слатка е позната по својата темнокафена боја, но исто така ја има и во бела боја. Која е разликата?

0-koja-e-razlikata-pomegju-beloto-i-crnoto-chokolado-kafepauza.mk

Црното чоколадо се состои од какао путер, шеќер и какао во прав. За разлика од млечното кафено чоколадо, црното чоколадо не содржи млечни состојки.

Од друга страна пак, белото чоколадо всушност не е чоколадо бидејќи не е направено од какао. Белото чоколадо се состои само од какао путер (масло од зрна од какао) измешан со млеко и шеќер. Се разбира тоа не значи дека белото чоколадо не е вкусно, напротив има многу поблаг вкус од црното чоколадо.

1-koja-e-razlikata-pomegju-beloto-i-crnoto-chokolado-kafepauza.mk

Што се однесува до здравјето, црното чоколадо ја има предноста. Луѓето кои конзумираат црно чоколадо имаат позитивни ефекти врз здравјето. Истражувањата покажуваат дека доколку јадете 40 грама црно чоколадо на ден, може да ви се намали нивото на хормоните кои предизвикуваат емоционален стрес и вознемиреност. Поради тоа што во зрната какао има висока содржина на флаванолни антиоксиданси, темното чоколадо има придобивки кога се во прашање кардиоваскуларните заболувања и го намалува високиот крвен притисок.

2-koja-e-razlikata-pomegju-beloto-i-crnoto-chokolado-kafepauza.mk

Од друга страна, белото чоколадо содржи многу шеќер и масти кои му штетат на здравјето. Но, бидејќи не содржи какао и нема кофеин, идеален е за оние кои не конзумираат производи со кофеин.

Обично се препорачува да се консумира чоколадо со 70% какао маса за да има поголем ефект. Но, тоа не значи дека чоколадите со помал процент на какао немаат никаков ефект. Конзумирајте по неколку коцки чоколадо на ден. Ќе забележите дека тоа ви е од голема корист за вашиот организам.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар