Новогодишни ритуали за среќа и напредок

Во зависност во кој дел од светот живеете, секој си има своја традиција за прославување на Новата година. Некои носат одредена боја која сметаат дека им носи среќа, други го гледаат изгрејсонцето, а некои пак ја анализираат минатата година и ја планираат онаа која е пред нив. Ова се само дел од работите кои привлекуваат среќа и позитивна енергија во вашиот живот. Многу луѓе имаат разни верувања и ритуали кои ги практикуваат, па погледнете некои од најпознатите.

novogodishni-rituali-za-srekja-i-napredok-kafepauza.mk

Бакнете некој кој ви е драг на полноќ, тоа ќе ви обезбеди среќа, хармонија и напредок во следните 12 месеци. Ако сте сами на полноќ, можете да го бакнете и вашиот домашен миленик. Никој не треба да плаче или да биде тажен бидејќи тоа привлекува лоша среќа. Обидете се да бидете што е можно посреќни и оптимистични.

Немојте да позајмувате пари или скапоцени предмети. Ако го направите тоа, значи дека цела година ќе исплаќате пари. Наполнете го паричникот со пари бидејќи тоа ќе ви донесе богатство.

Се верува дека ако на полноќ изедете 12 зрна грозје кои ќе ги симболизираат 12-те месеци, во текот на целата година ќе имате среќа и богатство. Ако пак изедете јаболко со мед, во вашиот живот цела година ќе владее хармонија.

Чистењето на нередот и фрлањето на сите непотребни работи е ритуал кон кој се придружуваат многумина. Темелното чистење на домот е препорачливо за да се ослободите од негативната, и да ја привлечете позитивната енергија. Некои луѓе ги фрлаат старите метли и ги заменуваат со нови. Ова е симбол за чистење на прашината од старата година. Исто така на полноќ можете да ја отворите вратата од домот за да ѝ дозволите на негативноста да излезе.

Храната е дел од сите новогодишни прослави. Низ целиот свет се подготвуваат разни видови храна само за Нова година. Некои луѓе приготвуваат новогодишни колачи кои претставуваат монети кои би требало да донесат среќа и напредок. Препорачливо е да го тргнете остриот прибор за сечење бидејќи овие предмети можат да ја „исечат“ вашата среќа.

Многумина ја дочекуваат Новата година со семејни молитви за благодарност и љубов. Молитвите се кажани од срце и со надеж дека ќе бидат слушнати.

Платете ги сите сметки и долгови за да не ја почнете годината задолжени. На овој начин ќе се ослободите од проблемите од минатото. Доколку не сте во можност да исплатите сè, доволно е и некоја симболична сума како знак за позитивна акција.

Погледнете ги и овие интересни новогодишни ритуали за среќа и љубов.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар