Машина за перење алишта за која не ви е потребна електрична енергија

Машина за перење алишта за која не ви е потребна електрична енергија

Без разлика дали имате 15 или 50 години, перењето алишта секогаш ќе биде обврска. За среќа, изгледа дека оваа задача може да биде многу полесна благодарение на направата Gentlewasher која ја пере облеката за 5 минути.

(1)mashina-za-perenje-za-koja-ne-vi-e-potrebna-elektrichna-energija-kafepauza.mk

За оваа машина не ви е потребна електрична енергија и во исто време можете да исперете и до 12 блузи. Таа е многу поефикасна од обичната машина за перење бидејќи користи до 17 литри вода за едно перење. За споредба, постарите машини за перење облека може да потрошат и до 150 литри.

(2)mashina-za-perenje-za-koja-ne-vi-e-potrebna-elektrichna-energija-kafepauza.mk

Благодарение на својот дизајн, машината создава заштитен слој од вода околу облеката. Ова ја спречува облеката да дојде во контакт со барабанот и ѝ го продолжува животот.

(3)mashina-za-perenje-za-koja-ne-vi-e-potrebna-elektrichna-energija-kafepauza.mk

Компанијата која ја направила машина е од Холандија и тврди дека оваа направа е најодржливата и најнежната перална. Наводно, резултатот е ист како и со обичните машини за перење. Иако машината е специјализирана за облека која треба да се пере рачно, можете да ја перете и останатата облека. Според компанијата, машината е доста корисна и ако одите на патување. Одлична е и за оние кои живеат во мал стан бидејќи речиси и да не зафаќа простор.

(4)mashina-za-perenje-za-koja-ne-vi-e-potrebna-elektrichna-energija-kafepauza.mk

Машината се продава онлајн по цена од 226 евра. Компанијата сакала да направи машина за алишта која можат да си ја дозволат сите, па ја направиле цената што е можно пониска. Што мислите вие, дали би сакале да ја замените вашата стара, огромна машина што троши многу вода со оваа иновативна и штедлива алтернатива?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар