Никогаш немојте да ги перете гаќите заедно со пешкирите и крпите! Еве зошто…

Според докторката Лиса Акерли, многу луѓе носат валкана долна облека иако се уверени дека е испрана и чиста. Таа вели дека класичното перење во машина е често погрешно, доколку температурата не е доволно висока.

Никогаш немојте да ги перете гаќите заедно со пешкирите и крпите! Еве зошто...

Ниските температури не ги уништуваат сите бактерии што се собираат на гаќите, па така, после перењето тие всушност не се сосема чисти. При повторното облекување, всушност ги враќате бактериите на себе, и тоа на најинтимните делови од телото.

Исто така, според д-р Акерли, долната облека која се пере на ниски температури никако не би требало да се комбинира со други работи:

„Секое перење на гаќите на температура под 60 степени нема да ги убие бактериите. Затоа никогаш немојте да ја перете долната облека заедно со кујнски крпи и пешкири на ниска температура, бидејќи така испраните крпи не би ги сакале во близина на вашата кујна.“

Доколку од некоја причина не можете да ја перете долната облека на висока температура, д-р Акрели препорачува да додавате антибактериски средства за перење облека кои уништуваат до 99% од бактериите.

Како да се справите со дамките од менструална крв на гаќите?

Може да се случи прашокот за перење и перењето на 90 степени да не помогне, особено ако се работи за засушени дамки од крв на гаќите. Но, во тој случај ќе ви помогне хидрогенот. Прво, исперете долната облека во ладна вода за да излезе сета крв колку што е можно, а потоа само на дамките нанесете течен хидроген. Потоа, гаќите исперете ги на вообичаениот начин, во машина или на рака.

Прочитајте ги и овие 10 големи грешки што најверојатно ги правите при перењето на вашата облека.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар