Никогаш не се сомневајте во себе: Вашите соништа не се губење време

Никогаш не се сомневајте во себе: Вашите соништа не се губење време

Доволно сте амбициозни за да го правите она што го сакате и да заработувате од тоа. Доволно сте амбициозни за да најдете начин да го претворите вашето хоби во кариера. Замислете си колку би било убаво секој понеделник да станувате со нетрпение за да го започнете денот, а секоја петочна вечер да се чувствувате исполнети поради сите работи што сте ги завршиле во текот на неделата.

(1) Никогаш не се сомневајте во себе: Вашите соништа не се губење на време!

Доволно сте силни за да ги избришете солзите предизвикани од страна на момчињата кои ве одбиле, членовите на семејството кои се сомневале во вас и пријателите кои ве навредиле. Доволно сте силни за да се одмаздите на најизвонредниот можен начин: Со тоа што ќе живеете најдобро што можете и ќе им покажете на сите негативци дека не ви требаат за да преживеете. Имате сѐ што ви треба во вас самите.

Доволно сте паметни за да дознаете каде припаѓате и кој пат треба да го следите без оглед на тоа колку време ќе ви треба за да стигнете до завршната линија. Доволно сте паметни за да ги игнорирате сите оние кои ви велат дека нема да ги остварите вашите соништа и дека нема да издржите. Докажете им на вашите најстроги критичари дека грешат.

Доволно сте храбри за да излезете од вашата удобна зона, дури и тогаш кога тоа ви се чини како најтешкото нешто што треба да го направите. Доволно сте храбри за да се справите со сувото грло, да ги смирите растреперените раце и да го направите она што треба да го направите.

Доволно сте талентирани за да се издвоите од толпата луѓе кое се исто толку искусни колку и вие. Доволно сте талентирани за да оставите впечаток и да продолжите да се обидувате додека не ја достигнете крајната дестинација.

Доволно сте независни за да успеете сами, дури и тогаш кога немате никој за да ве држи за рака и да ви кажува дека одлично ви оди. Доволно сте независни за да ја преживеете секоја потешкотија сами и да испливате од емоционалните бранови во кои тонете.

Доволно сте трпеливи за да ги почекате плодовите од вашиот труд. Доволно сте трпеливи за да знаете дека напорната работа не дава резултати преку ноќ, туку дека можеби ќе треба да почекате години и децении за да го живеете животот од вашите соништа.

Доволно сте амбициозни за да продолжите да растете дури и тогаш кога мислите дека сте го достигнале врвот. Доволно сте амбициозни за да сфатите дека никогаш нема да завршите со учење и дека иако сте горди на вашата сегашност, секогаш можете да целите кон подобра иднина.

Поседувате доволно ентузијазам за да им пренесете позитивна енергија на луѓето кои сакаат да успеете. Поседувате доволно ентузијазам за да ги инспирирате другите луѓе да ги следат нивните соништа наместо да го прифатат животот што не можат да го поднесат.

Вие сте посветени, мотивирани и вашата моќ не е за потценување. Вие сте доволно добри за да успеете. Никогаш не се сомневајте во себе и во вашите соништа!

Во продолжение прочитајте кои 4 нешта не смеат да ве спречат во остварувањето на вашите соништа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар