10-те најпознати лажни експедиции и откритија

10-те најпознати лажни експедиции и откритија

Истражувањето отсекогаш било дел од нашата историја, без разлика дали станува збор за истражување на земјата, морето или вселената. Низ вековите се пронајдени многу неверојатни работи, но понекогаш овие откритија не биле вистинити. Овие „откритија“ можеби се базирани на некоја вистина, но дефинитивно се преувеличиле со секое прераскажување. Погледнете некои од најпознатите измами од овој вид.

1. Златниот град

(1)10-te-najpoznati-lazhni-ekspedicii-i-otkritija-kafepauza.mk

Некои од првите истражувачи на Америка доаѓаат од Шпанија. Хернан Кортез, еден од првите шпански истражувачи, го пронашол главниот град на Ацтеките, ги убил жителите и го украл нивното злато и сребро. Неговото откритие ги предизвикало гласините за огромен изгубен град на овој континент кој е направен од злато. Откако ги слушнал овие приказни, шпанскиот крал испратил повеќе истражувачи во Новиот свет за да го пронајдат.

Алвар Нунез Кабеза де Вака научил за 7-те градови на Сибола, кои би требало да кријат богатство. Биле испратени неколку луѓе да ги пронајдат овие градови, но тие нашле само некои мали села. Шпанија го изгубила интересот кога не успеала да го пронајде златото, но приказните за Ел Дорадо и Изгубениот град се присутни со децении. Неодамна археолозите откриле дека Ел Дорадо воопшто не бил град. Овој збор се однесувал на ритуал во кој лидерот се покривал со златна прашина и нудел злато пред да седне на тронот.

2. Џиновите од Јужна Америка

(2)10-te-najpoznati-lazhni-ekspedicii-i-otkritija-kafepauza.mk

Фердинанд Магелан, познат како првиот човек кој пловел околу светот, наводно сретнал племе од џинови на територијата на денешна Аргентина. Низ историјата постоеле многу високи луѓе, но екипата на Магелан рекла дека овие џинови биле високи повеќе од 3 метри. Други истражувачи, како Френсис Дрејк и Комодор Бајрон исто така тврделе дека стапиле во контакт со овие луѓе.

Бидејќи библијата опишува период кога џинови живееле на Земјата, особено во приказната за Давид и Голијат, многу историчари се расправале за нивното постоење. Луѓето биле религиозни во тој период, па логично е тоа што барале џинови. Возможно е тие да сретнале некои високи луѓе, но кога ја раскажувале приказната малку да претерале.

3. Фонтаната на младоста

(3)10-te-najpoznati-lazhni-ekspedicii-i-otkritija-kafepauza.mk

Стареењето е тешко за секој од нас, па не изненадува постоењето на приказната за фонтаната која подарува младост. Најстара приказна потекнува од Херодот, грчки историчар, кој верувал дека Макробијците имале вака фонтана. Александар Македонски исто така верувал дека пронашол река со лековита вода.

Најпознатата потрага за фонтаната на младоста е онаа на Хуан Понче де Леон. Тој слушнал дека еден Карипски остров наречен Бимини, имал волшебен извор кој ја враќа младоста. Понче де Леон се упатил кон островот но веројатно тој бил заинтересиран само за злато, бидејќи во неговиот дневник не спомнал никаква фонтана. Кога не пронашол ништо, тој пловел кон север и ја открил Флорида. Денес Бимини е туристичка атракција и има фонтана на младоста која е само извор за минерална вода.

4. Сирени

(4)10-te-najpoznati-lazhni-ekspedicii-i-otkritija-kafepauza.mk

Кристофер Колумбо е познат за откривањето на Новиот свет, но некои други негови пронајдоци се малку чудни. Во 1942 година тој тврдел дека видел сирени во водата. Џон Смит исто така го тврдел истото, а и двајцата мажи изјавиле дека тие воопшто не биле убави како на сликите.

Најстарото спомнување за сирена е вавилонската божица Оана. Слични божества има и во грчката и во римската митологија. Дури и во Шкотска и во Велс постојат приказни за жени кои доаѓале од морето за да се венчаат со мажи. Средновековните текстови ги класифицирале сирените како вистински морски суштества.

5. Мачка-куче од Боливија

(5)10-te-najpoznati-lazhni-ekspedicii-i-otkritija-kafepauza.mk

Малкумина имаат слушнато за „Митла“ од Боливија. Ова животно е документирано од Перси Фосет, авантурист и истражувач кој е најпознат за мапирањето на Амазонската дождовна шума. Многу од суштествата кои Перси ги опишал се вистински, како на пример анакондата, но Митла до денес останува мит.

Некои луѓе тврдат дека го имаат видено, но не постојат фотографии од животното. Опишано е како куче со карактеристики на мачка. Некои велат дека животното е мало и наликува на куче, други пак велат дека е големо и повеќе наликува на мачка. Описите кои толку многу се разликуваат ни даваат до знаење дека веројатно суштеството не постои, но нема доказ ни дека е измислено.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар