Неодолив летен десерт: Коцки од гриз со јагоди

Освежителен, вкусен и едноставен рецепт за неодолив летен десерт.

Неодолив летен десерт: Коцки од гриз со јагоди

Потребни состојки

За кора:
  • 3 јајца
  • 2 шолји за кафе брашно
  • 3 лажици гриз
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 шолја за кафе шеќер
  • 1 прашок за печиво
  • 100 милилитри кисела павлака
  • 1 децилитар масло
  • 1 децилитар јогурт
  • 250 грама јагоди
Фил од гриз:
  • 5 децилитри млеко
  • 100 грама шеќер
  • 12 лажици гриз
  • 250 грама путер
Фил од јагоди:
  • 500 грама јагоди
  • 2 децилитри сок од јагоди
  • 2 кесички пудинг од јагода
  • 5 лажици шеќер
Декорација
  • 200 грама шлаг
  • 100 грама јагоди

Начин на подготовка:

Изматете ги јајцата со шеќерот за да добиете пена. Постепено додавајте ги ванилиниот шеќер, маслото, киселата павлака, јогуртот, печивото гризот и брашното. Добро измешајте и ставете ја смесата во тава намачкана со масло. Врз смесата наредете цели јагоди и ставете да се печи во загреана рерна на 200 степени. Извадете ја печената кора и оставете ја да се излади.

Во тенџере измешајте ги млекото, шеќерот и ванилиниот шеќер и ставете ги на оган. Кога ќе зоврие млекото, постепено додајте го гризот и мешајте додека смесата не згусне. Тргнете го тенџерето од оган и оставете да се излади.

Изладениот гриз измешајте го изматен путер. Испасирајте ги јагодите и измешајте ги со шеќерот. Одвојте мал дел од сокот и со него измешајте го пудингот. Остатокот ставете го во пасираните јагоди и ставете ја смесата на оган. Кога ќе се растопи шеќерот, додајте го и растворениот пудинг и направете густ фил. Тргнете го тенџерето од оган и оставете да се излади.

На кората нанесете фил од гриз, па фил од јагоди и на крај шлаг. Декорирајте со јагоди.

Добар апетит!

Ако сакате малку поздрав рецепт, пробајте го овој вкусен чиа пудинг.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар