Неодолив чоколаден колач во шолја

Совршена награда која треба да си ја дадете себеси после тежок испит, исцрпувачки ден на работа или тешка кавга со партнерот. Ова е колач во кој се ужива сам.

Неодолив чоколаден колач во чаша

Потребни состојки:

  • 2 лажици какао
  • 3 лажици брашно
  • ¼ лажичка сол
  • 2 лажици шеќер
  • 3 лажици млеко
  • ¼ лажица прашок за пециво
  • 3 лажици кокосово или растително масло
  • ½ кесичка екстракт од ванила
Начин на подготовка:
  1. Добро измешајте ги сите суви состојки.
  2. Додајте ги течните и повторно добро измешајте.
  3. Префрлете сè во мал огноотпорен сад или шолја која може да се загрева на висока температура.
  4. Ставете го садот во микробранова печка на 60 секунди на висока температура или печете во рерна 10 минути на 175 степени.
  5. По желба украсете со шлаг, овошје или чоколаден прелив.
  6. Послужете си го сами на себе и уживајте.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар