Бекстрит Бојс – Каде се сега?

Автор: Зорица Тодорова

Секој кој порасна во деведесеттите сигурно се сеќава на Бекстрит Бојс, убедливо најпопуларниот бој бенд кој ја одбележа деценијата. Без разлика на тоа дали сте биле луди по нив или не сте можеле да ги поднесете, нивните песни беа неизбежни на телевизија и радио и сите беа опседнати со нив на еден или друг начин.

Бекстрит Бојс - каде се сега? Бекстрит Бојс - каде се сега?

Откако во април 2013-та ја прославија 20-годишнината од своето постоење, момците тргнаа на двегодишна турнеја низ светот наречена „In a World like This“, истовремено промовирајќи го својот истоимен осми студиски албум. Денес младите момчиња кои расплакуваа милиони девојки низ светот се веќе возрасни фамилијарни луѓе кои сѐ уште ја негуваат својата љубов кон музиката, а еве каде се наоѓа секој од нив.

Брајан Литрел

Брајан денес живее во Атланта, Џорџија и веќе 14 години е во брак со Лејан Волас, модел и актерка која ја запознал на снимањето на спотот за песната „As Long As You Love Mе“ во 1997 година. Заедно имаат син, Бејли, роден во 2002 година.

(1) Brian-bekstrit-bojs-kade-se-sega-kafepauza.mk(2) Brian-bekstrit-bojs-kade-se-sega-kafepauza.mk(3) Brian-bekstrit-bojs-kade-se-sega-kafepauza.mk(4) Brian-bekstrit-bojs-kade-se-sega-kafepauza.mk(5) Brian-bekstrit-bojs-kade-se-sega-kafepauza.mk

Еј Џеј Меклин

Најпроблематичниот „Бекстрит бој“ долго време се бореше со својата завист од алкохол и дрога од која конечно се излечи во 2011 година. За тоа ја смета најзаслужна својата сопруга Рошел која му била најголема поддршка. Тие направија свадба во готски стил, а во 2012-та им се роди ќеркичката Ава.

(1) AJ0-bekstrit-bojs-kade-se-sega-kafepauza.mk(2) AJ0-bekstrit-bojs-kade-se-sega-kafepauza.mk(3) AJ0-bekstrit-bojs-kade-se-sega-kafepauza.mk(4) AJ0-bekstrit-bojs-kade-se-sega-kafepauza.mk(5) AJ0-bekstrit-bojs-kade-se-sega-kafepauza.mk(6) AJ0-bekstrit-bojs-kade-se-sega-kafepauza.mk(7) AJ0-bekstrit-bojs-kade-se-sega-kafepauza.mk

Кевин Ричардсон

Како најстар, Кевин отсекогаш беше најзрелиот од момците. Тој и неговата сопруга Кристин се заедно од 2000 год. и денес живеат во Кентаки со своите двајца синови, Мејсон и Максвел.

(1) Kevin-bekstrit-bojs-kade-se-sega-kafepauza.mk (2) Kevin-bekstrit-bojs-kade-se-sega-kafepauza.mk.jpg (3) Kevin-bekstrit-bojs-kade-se-sega-kafepauza.mk.jpg

Хауи Дороу

Хауи во 2007 година се ожени со својата долгогодишна девојка Леја и денес имаат двајца синови, Џејмс и Холден. По смртта на својата сестра во 1998 која почина од лупус, тој ја основа Фондацијата Дороу која до денес има за цел подигање на свеста за оваа болест и финансиска помош за оние кои не можат да си дозволат лекување.

(1) Howie-bekstrit-bojs-kade-se-sega-kafepauza.mk (2) Howie-bekstrit-bojs-kade-se-sega-kafepauza.mk (3) Howie-bekstrit-bojs-kade-se-sega-kafepauza.mk (4) Howie-bekstrit-bojs-kade-se-sega-kafepauza.mk

Ник Картер

Како најмлад член, Ник Картер и најдоцна се ожени. Неговата сопруга Лорен Кит е фитнес тренер и заедно живеат во Калифорнија. Слично како Еј Џеј и Ник се бореше со својата зависност од дрога и алкохол од која се отрезни дури откако му беше дијагонстицирана болест на срцето. Тој денес е амбасадор за заштита на околината на Обединетите Нации.

(1) Nick-bekstrit-bojs-kade-se-sega-kafepauza.mk.jpg.jpg (2) Nick-bekstrit-bojs-kade-se-sega-kafepauza.mk.jpg(3) Nick-bekstrit-bojs-kade-se-sega-kafepauza.mk.jpg.jpg (4) Nick-bekstrit-bojs-kade-se-sega-kafepauza.mk.jpg.jpg

Убава вест за нивните обожаватели: Денес е премиерата на нивниот документарен филм, „Backstreet Boys: Show ‘Em What You’re Made Of “ кој ја следи нивната кариера од самите почетоци до последниот албум од 2013-та.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар