Неколку трикови за фенирање кои ќе направат вашата коса да изгледа погуста одошто навистина е

Неколку трикови за фенирање кои ќе направат вашата коса да изгледа погуста одошто навистина е

Доколку сакате вашата коса да изгледа густо започнувајќи од пределот кај коренот, а со тоа и да предизвикате поголем волумен, тогаш треба да ги научите следниве техники на фенирање. Од друга страна пак, доколку сакате вашата коса да изгледа побујно, треба да знаете како правилно да ги нанесете продуктите за стилизирање на косата.

Неколку трикови за фенирање кои ќе направат вашата коса да изгледа погуста одошто навистина е

1. Протресете го продуктот за стилизирање на косата. На овој начин ќе ги искористите сите негови придобивки.

2. Нанесете го продуктот на неколку области. Поделете ја косата на половина и нанесете го продуктот темелно од корените до краевите притоа чешлајќи со четка со цел тој да биде рамномерно разнесен низ целата коса.

3.Прво направете го вашиот патец. Нанесете го продуктот околу патецот со цел да ја обликувате косата да стои на онаа страна на која вие сакате и потоа започнете со фенирање на оној дел кој вие сакате да изгледа најбуен. И покрај тоа што фризерите често започнуваат да фенираат во задниот дел од косата, вие треба да се фокусирате на предниот и централниот дел со цел да ја подигнете косата од коренот.

4. Фенирајте со тркалезна четка. Со нејзина помош подигнувајте ја вашата коса и додавајте притисок со цел да постигнете темелен волумен.

5. Употребете го тенкиот додаток на вашиот фен. На овој начин како што фенирате, така ќе го насочувате воздухот кон секој дел. Доколку не го користите овој додаток, врвовите на вашата коса можат да останат бушави.

6. Фенирајте или на ниска брзина и висока топлина или на ниска топлина и висока брзина. На овој начин ќе го контролирате протокот на воздухот и ќе избегнете оштетување од топлината. Доколку ги користите и двете подесувања на високо, големи се шансите дека ако не се движите премногу брзо, ќе ја изгорите вашата коса.

7. Завршете со лак за коса. Зацврстете ја фризурата со цел да ви трае подолго.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар