Неколку совети за оние девојки кои се заљубени во братот на нивната најдобра пријателка

Неколку совети за оние девојки кои се заљубени во братот на нивната најдобра пријателка

Доколку одеднаш почнал да ви се допаѓа братот на вашата најдобра пријателка и забележувате дека и тој е заинтересиран за вас, тогаш време е да ги преземете нештата во ваши раце. Пред да направите што било со него, најпрво мора да се соочите со вашата најдобра пријателка. Таа сепак ви е најблиската личност во вашиот живот, со која ги споделувате сите ваши мисли, па токму затоа заслужува да знае и за оваа голема промена…

Неколку совети за оние девојки кои се заљубени во братот на нивната најдобра пријателка

1. Кажете ѝ ја вистината

Таа е вашата најдобра пријателка, па токму затоа и сигурни сме дека ќе ве разбере доколку ѝ ја кажете вистината. Сè што треба да направите е да соберете храброст и смирено да разговарате со неа. Не бидете опсесивни, ниту пак многу нападни со цел да не ја вознемирите. Можеби таа ќе се лути на почетокот, но по некое време ќе го прифати фактот дека вам навистина ви се допаѓа нејзиниот брат.

2. Побарајте нејзина дозвола

Доколку сакате да почнете врска со нејзиниот брат, многу е важно да ја прашате прво неа. Доколку таа одобри, честитки! Но, доколку таа има проблем со целата оваа ситуација, не правете ѝ ништо зад грб туку едноставно обидете се да ја премислите со помош на нејзиниот брат. Разговарајте сите тројца заедно со цел да ѝ покажете зошто сметате дека би било добра идеја вие двајца да бидете заедно. Од друга страна, доколку одлучите да правите што било зад нејзин грб, големи се шансите дека ќе ја повредите, а со тоа и дека ќе го уништите вашето пријателство.

3. Не заборавајте на неа

Вие сте толку блиски што на некој начин дури се сметате и за сестри. Но, доколку почнете врска со нејзиниот брат не значи и дека треба целосно да заборавите на неа. Таа сè уште има потреба од вашето внимание, особено во оние ситуации кога ѝ требате за разговор. Без разлика колку е блиска таа со нејзиниот брат и колку добро се сложувате сите тројца заедно, сепак треба да одвојувате малку време и за да се видите со неа насамо. Ниту едно момче не е толку вредно да ја загубите вашата најблиска пријателка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар