Неколку причини зошто вреди да ѝ верувате на вашата интуиција

Неколку причини зошто вреди да ѝ верувате на вашата интуиција

Носењето одлуки е фундаментален дел од животот и човечкото искуство. Сите ние правиме одлуки, големи или мали, секојдневно. Но, кој е најдобриот начин да се носат одлуки – со помош на факти, искуство и податоци или интуиција?

Неколку причини зошто вреди да ѝ верувате на вашата интуиција

Станува збор за старо прашање, кое никогаш не сме успеале да го одговориме. Необјаснив порив, необично треперење, ангел на вашето рамо, тивко гласче во главата – сите овие нешта се знаци за интуицијата. Но, дали треба да се потпирате на овие мали знаци додека се движите низ животот?

Погледнете ги следниве 5 причини зошто секогаш треба да ѝ верувате на вашата интуиција кога носите одлуки, без разлика дали тие се големи и можат да го променат вашиот живот, како на пример, купување куќа, стапување во брак или пак, помали, како што да ручате денес.

1. Интуицијата може да ви помогне да напредувате во работата

Можете многу да напредувате во кариерата доколку ја слушате вашата интуиција, наместо мозокот. Затоа и воопшто не е чудно што големи луѓе како Стив Џобс ѝ даваат големо значење на интуицијата кога станува збор за донесување одлуки.

„Вие треба да верувате во нешто – во вашата интуиција, судбина, живот, карма, сеедно… Овој пристап никогаш не ме разочарал и токму тоа ги направи најголемите промени во мојот живот.“

2. Интуицијата може да ви помогне да откриете лажливец

Сакате со сигурност да знаете дали некој ве лаже? Верувајте ѝ на вашата интуиција. Истражувањата откриле дека таа е многу подобра од нашиот свесен ум кога станува збор за откривање лажливци. Една студија дури открила дека интуитивните и автоматски претпоставки можат да бидат од голема помош при моментално забележување лаги.

3. Интуицијата може да ви помогне да ги издвоите добрите луѓе

Изгледа дека првиот впечаток навистина вреди. Доколку знаете како да ја слушате интуицијата, вие можете за само 10 секунди да откриете дали некој човек е добар или лош. Според социјалниот психолог Дејвид Маерс, кој ја напишал книгата „Интуицијата: Нејзините моќи и опасности“, луѓето во минатото што можеле брзо да откријат дали непознат човек е пријател или непријател, имале поголеми шанси за преживување.

„Ако не верувате некому, дури и кога тоа излегува да биде погрешна проценка, треба да се обрне внимание на тоа чувство“, вели психијатарот Џудит Орлоф. „Ако одите по улица навечер и одеднаш ви се појави чувство што ви вели да бидете што подалеку од некој човек што ви се приближува, едноставно преминете на другата страна од улицата.“

4. Интуицијата може да ви помогне да ја најдете вашата сродна душа

Понекогаш се случува да запознаете некого што во истиот момент ќе ви го одземе здивот. Кога станува збор за врските, инстинктивната интуиција може да биде одличен начин да дознаете дали личноста што сте ја запознале е некоја со која би можеле да го поминете вашиот живот. Според истражувањата, за само 3 минути можете со 80% сигурност да утврдите дали одреден пар ќе остане заедно или пак, нивната врска ќе заврши со развод. Па, кога станува збор за сродни души, верувајте ѝ на интуицијата.

5. Интуицијата може да ве води низ животот

Можеби сте чуле за книгата „Човекот коцка“ (The Dice Man), чија приказна е за еден психијатар што решил да ги прави неговите животни одлуки според фрлена коцка. Сигурно веќе претпоставивте дека овој начин на носење одлуки ќе го воведе во голема неволја. Крајот на книгата ни покажува дека тој би поминал многу подобро ако ја слушал својата интуиција, бидејќи во реалноста, таа може да ви помогне да ја донесете правилната одлука во 90% од ситуациите.

Навистина вреди да ѝ верувате на интуицијата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар