Како изгледа светот низ очите на различни животни?

Сигурно некогаш сте се запрашале како изгледате во очите на вашето домашно милениче. А сте помислиле ли како пчелите го гледаат светот? Видот на секое суштество на планетата Земја е посебен, а некои можат да го видат дури и она што ние не можеме. Во продолжение погледнете како изгледа светот низ очите на различни животни…

Кучиња

Како изгледа светот низ очите на различни животни?

Како гледаат луѓето

Како изгледа светот низ очите на различни животни?

Како гледаат кучињата

Кучињата имаат лош вид, нивните очи не се чувствителни на многу бои и тие го гледаат светот во избледена верзија. Од друга страна, пак, многу добро гледаат навечер. Имаат добро развиено чувство за перспектива и длабочина и нивните очи добро ги забележуваат дури и најмалите движења.

Риби

Како изгледа светот низ очите на различни животни?

Како гледаат луѓето

Како изгледа светот низ очите на различни животни?

Како гледаат рибите

Рибите гледаат во ултравиолетова варијанта и сѐ што им е во близина го гледаат зголемено. Веројатно затоа толку многу риби изгледаат изненадено цело време.

Птици

Како изгледа светот низ очите на различни животни?

Како гледаат луѓето

Како изгледа светот низ очите на различни животни?

Како гледаат птиците

Овие пердувести животинчиња имаат остро око. Ноќните птици гледаат многу добро кога нема светлина, а во текот на денот можат да видат нијанси на бои кои ние луѓето не можеме да ги забележиме. Тие исто така можат да ги видат и ултравиолетовите зраци.

Змии

Како изгледа светот низ очите на различни животни?

Како гледаат луѓето

Како изгледа светот низ очите на различни животни?

Како гледаат змиите

Змиите имаат лош вид, но можат да ја видат термалната радијација навечер 10 пати подобро од која било модерна инфрацрвена технологија. Меѓутоа, во текот на денот реагираат само на движења. Доколку нивниот плен не се движи, нема да го фатат.

За да дознаете како гледаат и други различни животни, преминете на следната страна

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар