Неколку причини зошто не треба да ги позајмувате вашите книги

Неколку причини зошто не треба да ги позајмувате вашите книги

Книгите се големо богатство и огромен извор на знаење. Оние кои сакаат книги знаат колку е убаво чувството кога во нивниот дом ќе внесат уште некој нов наслов. Разменувањето книги е убаво, но само доколку имате ветување дека вашите книги ќе се вратат дома во иста состојба. Но, за жал, многу луѓе имаат лошо искуство кога позајмуваат книги, па така постојат и неколку причини кои покажуваат зошто треба да ја избегнувате оваа навика. А пак доколку сепак сакате да го правите тоа, прочитајте и кои работи треба да ги имате предвид.

Неколку причини зошто не треба да ги позајмувате вашите книги

Повеќето луѓе не ги сакаат книгите толку колку што ги сакате вие

Многу луѓе ја немаат истата почит кон книгите како вас. Најчесто кога тие знаат дека нешто не е во нивна сопственост, не се многу внимателни. Секако, ова не се однесува на сите.

Постојат шанси книгите никогаш да не ви бидат вратени

Кога некому ќе позајмите книга, по одреден период можете да слушнете дека книгата е изгубена, дека личноста не знае каде ја оставила, дека ја дала на некој друг… Чувството кое се појавува во вакви моменти воопшто не е пријатно!

Луѓето може да не сфатат дека сакате да ви ја вратат книгата

Откако некому ќе позајмите некоја книга, таа личност може да не сфати дека сакате истата да ви биде вратена, па ја носи со себе во тоалетот, ги свиткува страниците, не внимава кога јаде или пие нешто во нејзина близина и слично. А потоа, вие не можете да направите ништо за да го вратите првобитниот изглед на книгата.

Книгата може да ви биде вратена со дамки

Сите оние дамки и нечистотии кои се наоѓаат на страниците на книгата откако ќе ви биде вратена, прават да се прашувате дали личноста што ја читала воопшто си ги миела рацете? Или пак можеби им било дозволено на децата да си играат со неа…

Неколку причини зошто не треба да ги позајмувате вашите книги

Книгата може да биде со искинати или свиткани страници, а дури и да ви фалат некои

Некои луѓе не сфаќаат дека книгата треба да се чува и негува, па така, кога ќе ви ја вратат вие може да воочите дека поголем дел од страниците се оштетени, а некои дури може и да фалат.

Може да не ви биде вратена подолг период

Кога некому ќе позајмите книга, истата може да не се врати во вашиот дом дури и една година, а можеби и повеќе. Не дека вие повторно би сакале да ја прочитате во кратка временска разлика, но зошто вашите работи да престојуваат премногу долго кај некој друг?

Па, ако и вие сакате да ја сочувате својата мала библиотека, пред да позајмите некоја книга, имајте ги предвид следниве работи:

  • Дали знаете каква е личноста, дали е уредна и дали ги чува книгите?
  • Дали некогаш претходно сте ѝ позајмиле книга на таа личност?
  • Дали ви била вратена иста и во договорениот временски рок?
  • Дали личноста има мали деца кои може да си играат со книгата?
  • Запишете ги сите книги кои ги позајмувате, а и кому ги позајмувате.

Доколку имате навика да позајмувате книги, погледнете ги овие начини кои ќе ви помогнат да си ги вратите истите назад.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар