Неколку начини засекогаш да се збогувате со дебелите глуждови

Неколку начини засекогаш да се збогувате со дебелите глуждови

Бутовите се најкритичниот дел од нозете на многу жени. Но, постои уште еден дел од телото со кој многумина никогаш не се задоволни. Станува збор за глуждовите. Доколку сакате да го доведете и овој дел од нозете до совршенство и да се збогувате со синдромот „дебели глуждови“ мора да го откриете изворот и да го решите проблемот. Тоа можете да го сторите на следните неколку начини…

Неколку начини засекогаш да се збогувате со дебелите глуждови

1. Масно ткиво

Секој вишок килограм во рацете, стомакот, бедрата, задникот и глуждовите се таложи во облик на масно ткиво. Доколку сакате да ги отстраните маснотиите насобрани во глуждовите, мора да се насочите кон вежби околу оваа често занемарена област.

Кардио вежбите како трчање, скокање јаже, танцување или пливање се идеални за зајакнување на мускулите на целото тело. Пред вежбање добро размрдајте ги зглобовите, а по вежбањето истегнете ги мускулите и тетивите на нозете.

2. Вода

Освен во пределот кај стомакот и бедрата, задржувањето вода во организмот најпрво се забележува во глуждовите, особено по долго поминато време во седечка позиција. Тоа може да биде знак на лоша циркулација, хормонални промени, но и на лоша исхрана.

Избегнувајте ја солената храна и онаа која содржи многу маснотии како хамбургерот, пржената храна и газираните пијалаци. Исто така пијте течности, најмногу вода и незасладени чаеви по долгото седење и дозволете си барем половина час дневно за прошетка или кој било друг вид на физичка активност.

3. Генетика

Силно нагласените глуждови често се генетска физичка карактеристика. Иако генетиката не може да се промени, она што може да се стори во овие ситуации е да се извлече максимумот од физичкиот изглед со помош на одредени вежби. Секој ден или барем секој втор ден, дома правете вежби кои ги обликуваат и дефинираат листовите и глуждовите. На пример:

  • Облечете патики и застанете на клупа, праг или на која било површина во вашиот дом, но наместете се онака за само вашите прсти да се потпрени, а петите да ви стојат во воздух.
  • Исправете го телото, почнете да се подигнувате на прсти колку што можете повисоко и задржете ја таа позиција неколку секунди. Потоа спуштете се во основната позиција. Вежбата направете ја на 3 различни начини, прво со двете нозе заедно и потоа посебно со едната, па со другата. Вежбате се прави во 3 серии по 15 повторувања.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар