Некои велат дека се „досадни“, но овие безвремени парчиња облека никогаш не излегуваат од мода

Можеби не се највозбудливите нешта во коишто ќе инвестирате, но кога станува збор за долготрајна употреба – тие се незаменливи. Без разлика кога сте ги купиле, вие ќе можете да ги комбинирате сè дур материјалот не се распадне, бидејќи тие никогаш не се бришат од листите со трендови.

1. Преголемо сако

View this post on Instagram

A post shared by Lizzy Hadfield (@shotfromthestreet) on

Со ова парче облека никогаш не можете да згрешите, а ако сакате постојано да го носите, одберете црно, сиво, бело или беж.

2. Чанта со краток ремен

Да, овие чанти едно време се заборавија, но благодарение на трендсетерките кои внимаваат на својот шкаф, тие повторно се вратија во мода и се очекува уште долго да останат таму.

3. Рамни сандали со дебел ѓон

Покрај тоа што одлично изгледаат со сите видови облека, овие сандали се многу удобни и постојано во мода.

4. Свилена кошула

Кога се прашувате што би можеле да комбинирате со фармерки, здолниште со висок струк или што било друго од вашиот шкаф – најдоброто решение секогаш е свилената кошула.

5. Миди здолниште без боја

Одлична е за пролетните и летните денови, а најдоброто нешто кај неа е што одлично одговара на секоја женска фигура.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар