Нека затворената врата остане затворена: Престанете да бидете другари со вашиот бивш

Раскинувањето е секогаш лошо бидејќи освен тоа што сте го изгубиле вашето момче, исто така сте го изгубиле и вашиот најдобар пријател. Сигурно сте потрошиле голем дел од вашето слободно време за да бидете со него, да го запознаете подобро, бевте важен дел во неговиот живот, но и тој во вашиот. Тој страв од губење на некого е причината зошто многу парови одлучуваат после раскинувањето да останат пријатели. Но, ова е исто така лоша идеја. На двајцата ви е потребно да се оддалечите од врската на некое време, а потоа да се обидете како платонски пријатели. Но, ова нема да биде лесно.

1-neka-zatvorenata-vrata-ostane-zatvorena-prestanete-da-bidete-drugari-so-vashiot-bivsh-www.kafepauza.mk_

1. Се имате видено голи. Или можеби сте имале страстен секс. Што ќе ве спречи да не посакате пак, иако знаете дека не можете да ги задржете емоциите настрана од тоа? Да имате секс „само уште овој пат“ може да биде одлично, но ќе ви биде многу потешко да продолжете понатаму.

2. Чувствата не исчезнуваат одеднаш. Само затоа што не сте официјално заедно, не значи дека и понатаму не се грижите еден за друг. Што ако тој се насмее на тој начин на којшто не можете да му одолеете, а да не го бакнете? Затоа најдобро е да ги избегнете тие ситуации.

3. Тешко е да гледате како почнува да се гледа со друга. Ако останете пријатели неизбежен е моментот кога тој ќе ја донесе неговата нова девојка во вашето заедничко друштво. Ако го прекинете контактот со него, вие никогаш не мора да знаете дали тој е среќен и дали тој продолжил понатаму (иако е очигледно дека вие го сакате тоа за него).

4. Мора да изберете што ќе споделите меѓу вас. Додека бевте заедно сигурно ги споделувавте и најинтимните работи во вашите животи. Но сега, време е емотивно да се оддалечите и двајцата да пронајдете нови партнери за да им се доверувате.

5. Ќе започнете да ги повторувате старите навики. Додека бевте заедно имавте навика да одите во кино и да гледате хорор филмови, сега кога сте пријатели можете да го правите истото, така? Но, исто така изгледа природно да ја фатите неговата рака во текот на страшните сцени, а тоа може да доведе до нешто повеќе од она што би требало.

2-neka-zatvorenata-vrata-ostane-zatvorena-prestanete-da-bidete-drugari-so-vashiot-bivsh-www.kafepauza.mk_

6. Секогаш ги споредувате новите момчиња со него. Ако тој е секогаш околу вас, ќе биде многу потешко да ги заборавите сите добри работи во врска со него. Ќе започнете да ги споредувате новите момчиња со кои излегувате со него. Не е фер тие да бидат споредувани со некого од вашето минато.

7. Новите момчиња може да го сфатат како закана. Дури и најсигурното момче на планетава за момент ќе се запраша, зошто нејзиниот бивш сè уште се врти околу неа? Можеби тој ви верува вам, но никако на вашиот бивш.

8. Вие сте заглавени во минатото. Кога треба да се преболи бившиот, изреката „далеку од очи, далеку од срце“ навистина помага. Доволно е тешко да ги заборавите сите работи што ви се случиле, но уште потешко е ако неговото име постојано ви излегува на телефонот и додека сте заедно си се присетувате како ви било во минатото.

9. Старите кавги ќе продолжат. Тоа беше причината за вашето раскинување, така? Можеби не сте имале слични ставови за некои работи, па зошто мислите дека ако сте пријатели ќе биде поинаку? Можеби мислите дека на тој начин нема да ги сфаќате работите толку многу сериозно, но полесно е да се каже отколку да се направи.

10. На крај, еден од вас потајно ќе се надева дека повторно ќе се смирите. Или зошто толку многу би сакале да останете пријатели? Кога двајца луѓе ќе одлучат да се разделат, тргнувањето по различен пат е полесно. Кога еден од нив не е спремен да раскине, пријателството е подобро отколку ништо.


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар