Негативни последици од пиењето зелен чај

Драги дами, доколку сте сакале да ослабете сигурно веќе сте го испробале зелениот чај. Дури и ако го немате лично користено, тогаш сигурно сте слушнале дека служи за намалување на килограмите. Меѓутоа, како и секоја останата работа на овој свет, така и оваа не е совршена. Зелениот чај, како и секој друг препарат, има свои предности и маани. Да, точно е дека е здрав, а и како не би бил кога има билно потекло? Сепак, преголемата количина може да доведе до разни негативни последици. Можеби некои сте ги почувствувале, а воопшто не сте ни претпоставиле дека се од чајот.

1-negativni-posledici-od-pienjeto-zelen-chaj-www.kafepauza.mk_

Веројатно се прашувате која е таа прекумерна количина? Околу 5 шолји дневно. Доколку сте во Англија и ги користите нивните шолји за чај, тогаш можеби 5 шолји на ден се во ред. Но, во наши услови, 2 шолји зелен чај на ден се доволни. Сета количина над оваа ќе биде штетна за вашиот организам.

Овој чај и тоа како е здрав ако го пиете во нормални количини. Нема потреба да го избегнувате, туку само да го прилагодите на себе и на својот организам. Доколку не го направите тоа, може да почувствувате главоболка, вознемирен стомак, немир, треперење, срцева аритмија, мачнина, губење на апетитот… Исто така, обидете се да не пиете зелен чај доцна навечер, бидејќи лошо ќе влијае на вашиот сон.

2-negativni-posledici-od-pienjeto-zelen-chaj-www.kafepauza.mk_

А сега она најважното – според некои истражувања консумирањето зелен чај е штетно во комбинација со антидепресиви, апчиња за смирување, лекови против алергии и пилули за контрацепција. Зелениот чај исто така не се препорачува за анемичните луѓе. За да ги избегнете овие опасности, бидете умерени. Сите добри страни на зелениот чај важат, но со внимателно консумирање.

Сепак, добрите страни на зелениот чај, според некои експерти, се дека го забавува стареењето, го забрзува метаболизмот и ги согорува на мастите. Значи, тој има многу предности доколку се консумира во препорачаната дневна доза.

3-negativni-posledici-od-pienjeto-zelen-chaj-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар