Не правете нешто за децата и старите личности што можат да го направат и самите

Постои правило до кое би било добро да се држите доколку имате мали деца – не правете го она за децата што можат да го направат и сами. Ова правило може да биде навистина заморно. Доколку вам ви се потребни 15 секунди да го облечете детето, ако му дозволите самото да го направи тоа, облекувањето ќе трае 15 минути или половина час, а сигурно ќе треба и да трчате по него.

Не правете нешто за децата и старите личности што можат да го направат и самите

Но ако им дозволите на децата да научат самите да се облекуваат, оваа обврска повеќе нема да биде ваша. Тие ќе бидат способни сами да го направат тоа. Правете го истото и со поставувањето на масата, или што било што сметате дека вашето дете може да го направи само.

Кога родителите мислат дека прават сè наместо нивните деца од љубов, тие всушност прават лошо. Подобро е што порано да му дозволите на детето да ги извршува обврските за коишто е способно.

Истиот принцип важи и во домовите за стари лица – не правете ништо наместо старите што можат да го направат сами. Во спротивно им го скратувате чувството на независност, сила и смисла.

Исто е и во светот на бизнисот – доколку сте добар менаџер, ќе им дадете на другите автономија да ја завршат нивната работа и нема вие да го правите тоа за нив.

Доколку сметате дека ги штитите вашите деца кога ги преземате нивните обврски, не заборавајте дека не можете да заштитите никого. Можете само да му помогнете да стане посилен.

Проблемот е што кога децата ќе почнуваат да стануваат независни, повеќе немаат толку голема потреба од родителите. Токму ова е потсвесен патолошки елемент на некои родители. Тие како да сакаат да му речат на детето никогаш да не ги напушти, а тие ќе прават сè за него доколку е потребно. Во овој случај, детето никогаш нема да научи нешто за животот, ниту пак како да стане самостојна личност.

Бебињата бараат постојана грижа и нега, а родителите го прават токму тоа. Но децата и старите луѓе не се бебиња. Доколку ги третирате така, само ги уништувате.

Погледнете и зошто треба да им давате домашни обврски на вашите деца.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар