НЕ – најмоќниот подарок што можете да си го дадете

Прашајте ја која било успешна жена за најмоќното нешто што го направила за себе и одговорот секогаш ќе биде учењето како да се кажува зборот „НЕ“ – јасно, гласно и самоуверено. На тој начин тие не дозволуваат никој да одредува како да се чувствуваат за себе.

ne-najmokjniot-podarok-shto-mozhete-da-si-go-dadete-www.kafepauza.mk

Жените отсекогаш се учени да бидат пасивни, согласни и никогаш да не велат „НЕ“. Иако е составен од само две букви, „НЕ“ е многу повеќе од еден обичен збор. Тој го одредува нашиот карактер, нашата суштина и има многу поголемо значење одошто можете да замислите.

Ние сме научени дека „НЕ“ значи тврдоглавост. Постојано ни велат и дека овој збор е извор на еден вид разочарување што е лошо да им се прави на другите. Но, како постојаното велење на зборот „ДА“ влијае на вас самите? Како тој збор ви го троши времето и постојано ве става на последното место од својата листа?

Со тоа што ќе си дозволите себеси да кажувате „НЕ“, вие се градите како личност што знае што сака и како истото да го оствари во очите на другите. Тоа им помага на останатите да развијат почит кон вас, дури и ако тоа значи дека одвреме-навреме нема да ве сакаат. Исто така, тоа ќе ви помогне и самите да се цените, што е поважно од сè останато.

Кажувањето „НЕ“ не значи дека немате добро срце. Тоа не значи дека имате цврсти ѕидови околу себе што ниту еден човек нема право да ги сруши. Кога станува збор за вашето тело, за одењето некаде каде што не сакате, за поминувањето време со токсични луѓе и правење активности што ве трошат или ви штетат, не постои друг збор што треба да се употреби.

Заборавете на тоа што другите го мислат за вас и обрнете малку внимание на тоа што самите го мислите за себе. Престанете да ја трошите целата енергија на потребите на другите и свртете се малку кон тоа што вам ви е потребно. Доволно е само едно искрено „НЕ“ за да отворите сосема нов свет пред вас, свет полн со грижа за себе и моќ каде што не постои нешто што не можете да го постигнете. „НЕ“ е најмоќното нешто што една девојка може да го искористи во овој свет.

Погледнете ги и овие 30 ситуации кога треба да кажете „НЕ“ и да го направите она што е најдобро за вас!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар