30 ситуации кога треба да кажете „НЕ“ и да го направите она што е најдобро за вас

Постојат одредени ситуации со кои сите ние се соочуваме во одреден момент од нашиот живот и на кои навистина треба да им кажеме „НЕ“. Животот постојано наоѓа различни начини за да ве зароби – даноци, лоши договори, таканаречени „пријатели“ кои само ви го отежнуваат животот… Но, тој е прекраток за да бидете заробени на работа која ја мразите, прекраток за да останете во незадоволителна врска и прекраток за да го поминувате во ситуации во кои не сте среќни. Токму затоа погледнете ги следниве 30 нешта на кои мора да научите како да им кажете „НЕ“!

30 ситуации кога треба да кажете „НЕ“ и да го направите она што е најдобро за вас

1. Кажете ѝ „НЕ“ на работата која не ја сакате.

(1) 30 ситуации кога треба да кажете „НЕ“ и да го направите она што е најдобро за вас

Не продолжувајте да работите од 9 до 5 на место кое не можете да го поднесете.

2. Кажете ѝ „НЕ“ на токсичната врска.

Прифатете ја љубовта која ја заслужувате, не онаа љубов која ќе ве скрши.

3. Кажете им „НЕ“ на границите.

Никој не сака да живее во кутија.

4. Кажете им „НЕ“ на очекувањата од вашите родители.

Во вашиот живот треба да ја следите вашата страст, без разлика колку ризично им изгледа тоа на мама и тато.

5. Кажете ѝ „НЕ“ на вашата потреба да добиете одобрување од другите.

(2) 30 ситуации кога треба да кажете „НЕ“ и да го направите она што е најдобро за вас

Вам не ви е потребен никој за да ви кажува колку сте добри. Тоа треба самите да си го знаете.

6. Кажете им „НЕ“ на луѓето кои ве држат во место.

И „НЕ“ на себе, доколку не си дозволувате да продолжите натаму.

7. Кажете му „НЕ“ на тоа што општеството мисли дека треба да го правите со вашиот живот.

Вие самите треба да го најдете вашиот пат.

8. Кажете „НЕ“ за трошење на вашето скапоцено време.

Направете секој момент да вреди.

9. Кажете „НЕ“ за чекање други луѓе.

Едноставно немате време за тоа.

10. Кажете им „НЕ“ на диетите.

(3) 30 ситуации кога треба да кажете „НЕ“ и да го направите она што е најдобро за вас

И „ДА“ на храната која му е потребна на вашето тело.

11. Кажете му „НЕ“ на вашиот ужасен шеф.

Одбијте секојдневно да ви викаат без никаква причина.

12. Кажете ѝ „НЕ“ на последната пијачка која не ја сакате.

Сите пијат шотови, но тоа не значи дека треба и вие да им се придружите.

13. Кажете му „НЕ“ на чувството да правите што било што не сакате.

Ако не ви се допаѓа нешто, не правете го тоа!

14. Кажете „НЕ“ на самосожалувањето.

Наместо тоа, најдете начин како да се подобрите самите себеси.

15. Кажете „НЕ“ за избегнување на неизбежното.

(4) 30 ситуации кога треба да кажете „НЕ“ и да го направите она што е најдобро за вас

И едноставно соочете се со тешките ситуации и потоа продолжете понатаму.

16. Кажете „НЕ“ за следењето туѓ пат.

Вие сами го резбите својот пат низ овој свет, токму затоа почнете уште веднаш.

17. Кажете му „НЕ“ на скршеното срце.

Заборавете на „давењето“ и испливајте на површината.

18. Кажете „НЕ“ на откажување од вашите соништа.

Ако се откажете од соништата, вашиот живот ќе биде залуден.

19. Кажете „НЕ“ на задоволувањето со второто најдобро нешто.

Не можете да го добиете она што го сакате доколку прифаќате помалку од она што заслужувате.

20. Кажете „НЕ“ за рационализирање на вашите стравови.

(5) 30 ситуации кога треба да кажете „НЕ“ и да го направите она што е најдобро за вас

Соочете со стравовите – тие ќе ве направат посилни!

21. Кажете ѝ „НЕ“ на неактивноста.

Станете од каучот, излезете од домот… Правете сè со цел да ги постигнете вашите цели.

22. Кажете ѝ „НЕ“ на оградата околу вашето срце.

Сите ние треба да ги отвориме нашите срца со цел да бидеме способни да љубиме.

23. Кажете ѝ „НЕ“ на паниката.

Запомнете, кога ќе стигнете до дното, единствениот пат надвор е кон горе.

24. Кажете им „НЕ“ на луѓето кои немаат време за вас.

Вистинските пријатели се оние кои го менуваат својот календар за вас, без разлика на ситуацијата.

25. Кажете им „НЕ“ на притисоците.

(6) 30 ситуации кога треба да кажете „НЕ“ и да го направите она што е најдобро за вас

Земете го вашиот пасош и одлетајте од тука!

26. Кажете „НЕ“ на чувството дека сте изгубени.

Најдобрите авантури се оние кои се случуваат само кога ќе ги напуштите мапите.

27. Кажете „НЕ“ на тоа да бидете подредени.

Не ѝ дозволувајте на „големата риба“ да ве оттргне од успехот.

28. Кажете им „НЕ“ на вашите негативни мисли.

Позитивноста ќе ве одведе онаму каде што негативноста не би можела никогаш ни да замисли.

29. Кажете ѝ „НЕ“ на монотонијата.

Спонтаноста е добра за вашиот живот!

30. Кажете му „НЕ“ на лесното.

(7) 30 ситуации кога треба да кажете „НЕ“ и да го направите она што е најдобро за вас

И прифатете ги сите предизвици кои ќе се појават на вашиот пат.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар