6 бјути хорор приказни кои ќе ве натераат да размислите за она што го правите со вашето тело

6 бјути хорор приказни кои ќе ве натераат да размислите за она што го правите со вашето тело

Сите ние сме навикнати на одредени третмани за убавина. Токму затоа воопшто не размислуваме за маските кои ги користиме, ниту пак за другите начини на разубавување. Зарем некогаш сте се запрашале што е најлошото што може да се случи доколку ја виткате вашата коса со фигаро, додавате екстензии или пак, одите на депилација?  Истото се случило и со овие 6 жени, кои на потешкиот начин ги научиле негативните страни на овие чести и добро познати третмани за убавина…

6 бјути хорор приказни кои ќе ве натераат да размислите за она што го правите со вашето тело

1. „Моите веѓи се излупија.“

Поголемиот дел од нас не размислуваат многу пред да употребат маска за лица. Но, една корисничка на Твитер, Емили Каудери, открила дека употребата на погрешна маска, оставена предолго на вашето лице може да предизвика вашите веѓи да се олупат заедно со неа.

2. „Третман за лице ја уништи мојата кожа.“

Јули, која го води блогот за убавина „BunBun Makeup Tips“, им покажала на своите читатели како еден обичен третман за лице се претворил во најтешкиот период од нејзиниот живот. Сè започнало супер, таа по третманот се чувствувала одлично и премногу задоволно од начинот на кој нејзината кожа изгледала. Но, два дена подоцна нејзината кожа почнала да се крши во области каде што никогаш претходно немала проблем. Таа го контактирала салонот за убавина каде што ја увериле дека станува збор за премногу чувствителна кожа, па со втор третман тие брзо би можеле да го средат нејзиниот проблем. Но, тоа не се случило. По вториот третман целото нејзино лице било прекриено со мали и лути митесери. Таа била присилена да носи маска и трпеливо да чека нејзината кожа да се врати во нормала, додека за време на процесот чувствувала големо количество емоционална, но и физичка болка.

3. „Мојата коса изгоре.“

Оваа хорор приказна е како оние класични бајки со духови кои се раскажуваат покрај камперски оган. Корисничката на Јутјуб, Тори Локлеар снимала рутински туторијал за виткање на косата, но одеднаш работите ѝ избегале од контрола. Кога таа го пуштила праменот замотан околу фигарото, сфатила дека тој дел од нејзината коса целосно се стопил. Па, доколку некогаш мислите дека треба да ја зголемите температурата на вашето фигаро, потсетете се на оваа приказна.

4. „Четка за нанесување шминка ме парализира.“

Кога станува збор за четки за шминкање, вие никогаш не треба да ги делите со друга личност. Една агресивна инфекција предизвикана од бактериите стафилококи ја нападнале Џо Гилкрајст која потоа останала парализирана. Таа верува дека се здобила со бактеријата откако ја користела четката на нејзината пријателка која ја имала оваа инфекција на нејзиното лице. Таа објаснува дека на почетокот чувствувала само блага болка која подоцна резултирала со губење на чувството во своите нозе и долен дел од телото.

5. „Екстензиите за коса оставија дупка во мојата глава.“

Од сите нешта кои можеме да се плашиме, никогаш не би помислиле дека екстензиите за коса би биле едни од нив. Нивната цел е да го направат нашиот живот полесен, но за Тина Кемпбел тие се претвориле во вистинска хорор приказна. Откако таа ги ставила екстензиите на косата и ги носела неколку недели, одеднаш ѝ се формирале отоци кои прснале и барале итна медицинска помош. Токму затоа таа и му кажала на докторот да ѝ ја избричи целата глава, но за среќа тој успеал да ја спаси нејзината коса. Се верува дека оваа состојба настанала поради контаминирани игли кои биле употребени за шиење на нејзината коса. Тина подоцна добила и други отоци ширум целото тело, вклучувајќи и еден кои морал итно да биде отстранет од нејзиниот ‘рбет.

6. „Бразилска депилација ме зарази со полово пренослива инфекција.“

По депилацијата, Меди Рубин почнала да забележува мали грутки на нејзините препони. Кога го посетила гинекологот тој ја смирил велејќи ѝ дека не станува збор за херпес, туку за обична инфекција. Но, таа набрзо открила дека оваа „обична инфекција“ не само што е многу заразна, туку и многу тешка за лечење…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар