Навиките на најмоќните љубовни парови во светот

Навиките на најмоќните љубовни парови во светот

Бред и Анџелина. Барак и Мишел. Вил и Кејт. Освен што се прекрасни за гледање, овие моќни парови успеале да постигнат и успешна кариера, совршен однос и да го прошират своето семејство. Сте се запрашале ли некогаш како им успева? Се разбира, помага кога се имаат дадилки и лични асистенти и кога парите растат на дрво. Но, постојат неколку вредни совети кои можете да ги научите од најпознатите и најуспешните љубовни парови во светот. Во продолжение прочитајте за нивните навики кои може секој да ги примени.

1. Ги поддржуваат своите интереси

Навиките на најмоќните љубовни парови во светот

Шерил Сандберг напишала: „Пронајдете некој кој сака да биде еднаков партнер. Некој кој мисли дека жените треба да бидат паметни, амбициозни и да имаат свое мислење. Некој кој знае што е фер и очекува, или уште подобро, сака да си го одработи својот дел во домот. Овие мажи постојат, и верувајте, со тек на време, ништо нема да биде посекси.“

На пример, Барак Обама ги поддржува сите проекти на својата жена. За да го подржи проектот на Мишел „Let’s Move!“, со кој се промовираат здравите активности и животни навики за децата низ Америка, Барак ја создал првата работна група за деца со прекумерна тежина. Исто така, тие заедно ја лансирале едукативната иницијатива „Let Girls Learn“ што оттогаш добила глобален успех.

2. Имаат иста смисла за хумор

Навиките на најмоќните љубовни парови во светот

Последната година, Војводата и Војвотката од Кембриџ биле прогласени за број 1 пар во светот. Но, нивниот кралски статус не е тоа што им ја обезбедило оваа титула, туку нивната скромност. Парот постојано покажува дека семејството секогаш е на прво место, а неодамна Вилијам изјавил:

„Јас сум нов татко и ги сфаќам своите должности и одговорности сериозно.“

Но, парот ужива и со својот хумор. Независно дали споделуваат некоја приватна шега меѓу себе или пријателски се натпреваруваат во некој натпревар во стрелање, смеењето е очигледно дел од нивното секојдневие.

3. Имаат добра комуникација

Навиките на најмоќните љубовни парови во светот

Во интервју со магазинот „Elle“, Ченинг Тејтум изјавил:

„Мислам дека во комуникацијата да се биде брутално искрен за работите што ги сакате, Џена и јас имаме трик кога сакаме да се провериме еден со друг. Си велиме ‘На скала од 1 до 10, колку ме сакаш моментално?’ Не е толку романтично колку што мислите. Понекогаш, тоа е ‘Те сакам околу 6 сега. Имам проблем, ме праша и сега ќе ти кажам.’“

4. Вежбаат заедно

Навиките на најмоќните љубовни парови во светот

Според една неодамнешна студија објавена во списанието за бихевијорална медицина, вежбањето со партнерот не само што го зголемува квалитетното време поминато заедно, туку може и да го дуплира вашиот перформанс. Директорката на „Yahoo!“, Мариса Мејер и нејзиниот сопруг Закари Боуг, поранешен адвокат, се познати по тоа што заедно трчаат маратони.

5. Сакаат да ги враќаат услугите и ја возвраќаат благодарноста

Навиките на најмоќните љубовни парови во светот

Материјалната состојба не е толку важна, колку што е важно што прават со неа оние кои ја поседуваат. Земете ги за пример Присила Чан и Марк Закерберг. Во јавно писмо до нивната ќерка, Макс, при крајот на 2015-тата година, парот објавил дека ќе дадат 99% од нивните акции од Фејсбук (вкупно 45 милијарди американски долари) на хуманитарни и добротворни цели во текот на животот на нивното дете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар