Мејкап артистка се трансформира во познати уметнички дела

Познато е дека уметноста не познава граници. Па, зошто и нашето лице да не го искористиме како уметничко платно? Мејкап артистката Лекси Лазиер го право токму тоа! Имено таа се трансформира во познати уметнички дела, а резултатите се неверојатни. Погледнете дел од нејзината неверојатно талентирана работа…

„Ѕвездена ноќ“, Винсент Ван Гог

Мејкап артистка се трансформира во познати уметнички дела

Девојката од Калифорнија, која е професионална мејкап артистка веќе 18 години, се инспирирала да ги создаде овие трансформации додека гледала во рефлексиите во водата од уметничката слика „Ѕвездена ноќ“ на Винсент Ван Гог.

„Добив одлични реакции од моите следбеници на Инстаграм и моите пријатели и семејството целосно ме поддржаа. Ја сакам уметноста, па така прво почнав со дела кои отсекогаш ми зборувале и планирам да продолжам со ова додека не ме погоди друга инспирација“, вели Лекси.

„Бакнежот“, Густав Климт

Мејкап артистка се трансформира во познати уметнички дела

Лазиер вели дека ужива во тоа да пронаоѓа нови начини да ги комбинира традиционалните елементи на убавина со побуквалните делови од сликите.

„Мислам дека мојот омилен дел е… Кога одлучувам што каде ќе оди и како да не направам само обична копија од сликата на моето лицето, туку да го претворам делото во шминка од соништата“, изјавува таа.

„Две сестри (на терасата)“, Пјер Огист Реноар

Мејкап артистка се трансформира во познати уметнички дела

„Сметам дека шминкањето е уметност. Ја содржи онаа уникатна дуална природа во тоа што има функција и огромен број луѓе секојдневно ја користат како дел од нивниот животен стил, со цел да се чувствуваат посамоуверено. Но, исто така шминката е само боја, а лицето може да послужи како уметничко платно“, објаснува Лекси.

„Жена која плаче“, Пабло Пикасо

Мејкап артистка се трансформира во познати уметнички дела

Кога одново ќе најде инспирација, Лазиер планира да преработи уште уметнички слики преку шминката.

„Уметноста е форма на експресија. И сите ние сме посебни во поглед на тоа што сите наоѓаме различни начини да го изразиме тоа“, завршува Лекси.

„Мон Сен Виктоар“, Пол Сезан

Мејкап артистка се трансформира во познати уметнички дела

Нема сомнеж дека оваа талентирана мејкап артистка ќе ви ги прошири видиците кога станува збор за уметноста, па можеби и ќе ве инспирира и вие самите да ја разбудите вашата креативност и да ја преточите во некое уникатно уметничко дело.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар