Научно докажано: Децата кои личат на татковците се поздрави!

Научно докажано: Децата кои личат на татковците се поздрави!

Дали сте знаеле дека бебињата кои личат на татковците по раѓањето се многу поздрави од децата кои на почетокот од животот личат на мајките? Имено, според најновите истражувања, може да се откријат потенцијалните здравствени проблеми кај децата врз основа на тоа на кој родител личат!

Научно докажано: Децата кои личат на татковците се поздрави!

Експертите откриле дека девојчињата и момчињата кои личат на својот татко поретко боледуваат од астма. Исто така, децата кои личат на машкиот родител генерално имаат поретка потреба да одат на доктор.

Освен тоа, истражувањето покажало и дека татковците кои не живеат со децата и мајката поминуваат повеќе време со нивните деца месечно доколку помеѓу нив постојат поголеми физички сличности.

„Тоа го прават несвесно, бидејќи веруваат дека поради физичките сличности, децата носат повеќе нивни гени. Секако дека таткото игра важна улога во воспитувањето на детето и тоа се одразува на здравјето на децата. Сепак, ние откривме дека децата кои повеќе личат на таткото се генерално поздрави“, објаснил авторот на истражувањето.

На кого личите вие повеќе? На татко ви или на мајка ви? Што мислите за овие истражување? Споделете го вашето мислење во коментарите!

Дознајте и кои се 7-те работи што децата можат да ги наследат само од татковците.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар