Направете вкусен прелив од карамела за помалку од 90 секунди

Класичниот прелив од карамела се подготвува со пржење на шеќерот во тенџере, но овој процес може да биде многу долг, па дури и опасен. Ако некогаш се имате изгорено од карамела, сигурно знаете за што зборуваме.

Можете да уживате во вкусот на карамелата на друг начин. Пробајте го овој едноставен рецепт во микробранова печка во која преливот од карамела ќе го подготвите за помалку од 2 минути.

Направете вкусен прелив од карамела за помалку од 90 секунди

Потребни состојки:

  • 1 лажица путер
  • 2 лажици кафен шеќер
  • 1 лажица хопла
  • прстофат сол

Начин на подготовка:

  1. Ставете го путерот во чаша и стопете го во микробранова печка за 30 секунди.
  2. Во растопениот путер ставете го кафениот шеќер, хоплата и солта. Измешајте добро и вратете го назад во микробрановата печка за уште 30 секунди.
  3. Извадете го и повторно измешајте внимателно. Вратете го во микробрановата печка, но сега за 15 секунди.
  4. Прелијте го вашиот десерт и уживајте!

Пробајте го и овој домашен сируп кој ги претвора кафето, млекото и коктелите во сензација.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар