Направете сами природен и здрав балсам за усни што ќе ја одржува нивната мекост

Направете сами природен и здрав балсам за усни што ќе ја одржува нивната мекост

Сувите и испукани усти се чест проблем кај многумина, особено во периодите кога има промена на сезоната. Па, доколку сакате здрав и природен балсам за усни, што ќе ја одржи нивната мекост, обидете се самите да го направите. Ќе ви бидат потребни 3 состојки и неколку минути за изработка. Можете да почнете уште веднаш!

(1) Направете сами природен и здрав балсам за усни што ќе ја одржува нивната мекост

Потребни состојки:
  • 2 супени лажици какао путер
  • 2 супени лажици кокосово масло
  • 1 супена лажица пчелин восок
Начин на изработка:

Сипете околу 2,5 сантиметри вода во мало тенџере и загрејте ја на средна температура. Потоа ставете мала стаклена тегла во тенџерето, но внимавајте да не влезе вода во неа. Капацитетот на теглата би требало да биде околу 30 милилитри или помалку.

Додека водата врие, ставете ги сите состојки во теглата што се наоѓа во тенџерето. На средна температура, дозволете ѝ на водата полека да ги стопи сите состојки.

Откако тие ќе се стопат, добро измешајте ги за да се соединат целосно. Потоа тргнете го тенџерето од оган, но оставете ја теглата во топлата вода и заедно со смесата нека се оладат на собна температура.

Бидејќи овој балсам нема да има изразен мирис или вкус, по желба, можете да додадете и некаков вид етерично масло. На пример, додајте 20 капки етерично масло од нане или кој било друг мирис (и вкус) што вам ви се допаѓа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар