Направете генијален план за 2016 година со помош на следниве 6 прашања

Направете генијален план за 2016 година со помош на следниве 6 прашања

Крајот на годината е време кога размислувате дали изминатата година била онаква каква што сте посакувале. Наместо да се жалите како и оваа Нова година ќе ја поминете сами, како ја мразите својата работа и како ништо не е онака како што сте замислувале, седнете и одговорете на следниве прашања коишто ќе ви помогнат за оваа 2016 година да направите план до којшто ќе се придржувате.

1. Во што сте успеале?

Запрашајте се што сте постигнале во 2015 година, на што сте посебно горди. Не се мисли на некои моменти како на пример дипломирањето, купувањето стан или новата генијална работа којашто сте ја добиле (сепак, браво ако сте успеале во нешто од ова). Всушност, се мисли на некои ваши мали, интимни победи. Дури и оние работи коишто ви се чинат неважни, како на пример откажувањето од пушење или зголеменото штедење, може да имаат големо значење.

Запишете ги на хартија сите оние убави работи коишто сте направиле во изминатата година, од тортата којашто сте ја направиле за мајка ви и сте ја изненадиле за нејзиниот роденден до кучето коешто се изгубило и на коешто сте му помогнале да го пронајде сопственикот. Ќе се изненадите колку сте биле успешни, а не сте го воочиле тоа бидејќи овие работи сте ги сметале за неважни.

2. Во што уживавте најмногу?

Работните предизвици, патувањата, излегувањата, новиот партнер, новиот јазик којшто сте почнале да го учите или пак можеби трчањето поради коешто сте почнале да учествувате на маратони? Важно е да постои она нешто на коешто ќе се радувате секој ден и што секојдневно ве инспирира, затоа што токму тоа ви дава мотивација за живот.

3. Во што не успеавте?

Воопшто не е лесно да се соочите со сопствените неуспеси, но притоа е важно да посакувате во иднина да напредувате. Бидете искрени со себе и признајте си во што не успеавте оваа година. Можеби ве мачи факултетот или врската којашто безуспешно се трудите да ја поправите. Можеби веќе е време да престанете да се трудите и својата енергија да ја насочите на нешто друго (друг факултет, насока… или можеби друг партнер).

4. За што жалите?

Која добра прилика сте ја пропуштиле? Во што би сакале повеќе да уживате или на што би сакале да посветите повеќе време? Важно е да го сфатите тоа за да не ги повторите истите грешки.

5. Кои лекции сте ги научиле?

Некои биле корисни, некои болни, некои „скапи“, но секоја од нив ви била вредна. Кога ќе го сфатите тоа ќе ви биде мило што сте поминале преку тешки и тажни моменти. Тие ве зајакнале и ве направиле помудри.

6. Што би ве правело среќни во годината што доаѓа?

Направете листа и не испуштајте ништо, дури и глупостите како правењето на нова торта за којашто штотуку сте добиле рецепт или отворањето на ново кафуле во вашиот град. Секоја ситница којашто ве развеселува е причина да бидете повеќе расположени и оптимистички насочени кон иднината. На крај, запаметете ја изреката: Позитивната енергија привлекува позитивни работи!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар