Видови храна и пијалаци кои ќе ве разбудат многу побрзо од кафето

Ретки се оние кои не сакаат да уживаат во доблестите на кафето, но доколку припаѓате на оваа група луѓе кои преферираат да се будат на поинаков начин, тогаш дајте им шанса на некои од овие намирници кои можат да послужат како одлична замена за кафето и да ви ја обезбедат потребната доза енергија.

1. Црно чоколадо

Намирници кои ќе ве разбудат многу побрзо од кафето

Благодарените на неговите состојки, овој тип чоколадо има позитивен ефект врз циркулацијата на крвта и ги намалува процесите кои водат до воспаление. Исто така, во едно истражување спроведено врз една група возрасни лица со синдром на хроничен умор, се забележало дека оние личности на кои им било дадено чоколадо со 85% какао во рок од 8 недели биле многу посвежи и поодморени отколку оние лица кои консумирале регуларно чоколадо.

2. Сок од цвекло

Намирници кои ќе ве разбудат многу побрзо од кафето

Доколку сакате да ја зајакнете својата издржливост, тогаш нема подобар избор од сокот од цвекло. На тој начин ќе ја зголемите и својата ефикасност и ќе ја намалите потребата за поголеми количества кислород.

3. Храна богата со железо

Намирници кои ќе ве разбудат многу побрзо од кафето

Една од најважните функции на железото е донесувањето на кислородот до вашите клетки. Затоа, доколку не го внесувате доволно во организмот, може да дојде до намалување на нивото на енергија, а да се зголеми ризикот од анемија. Железото има најголема концентрација во рибата, месото и зелениот зеленчук. Но, запомнете дека пиењето кафе или чај може да ја намали неговата апсорпцијата, па би било добро ако оброкот кој е богат со железо го консумирате неколку часа после споменатите пијалаци.

4. Ладна чаша вода

Намирници кои ќе ве разбудат многу побрзо од кафето

Симптомите на дехидрација се најчесто замор и мрзливост, како и непријатните главоболки. Заборавете на кафето и започнете го денот со ладна чаша вода за да ја подобрите работата на метаболизмот. Испијте по некоја чаша и во текот на денот и телото ќе ви биде повеќе од благодарно.

5. Здрави оброци

Намирници кои ќе ве разбудат многу побрзо од кафето

Наместо да ги грицкате нездравите намирници, одлучете се за некоја поздрава алтернатива како што се овошните салати и зеленчукот. На овој начин ќе го задржите потребното ниво на енергија, но и расположението.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар