Највредниот подарок во животот: Ако го имате, вие сте дел од најсреќните луѓе во светот!

Највредниот подарок во животот: Ако го имате, вие сте дел од најсреќните луѓе во светот!

„Пријателите се оние роднини што Бог заборавил да ни ги даде веднаш.“– Менг-це, кинески филозоф

Најсреќните луѓе во светот растат заедно со нивните пријатели, а тоа се најубавите пријателства што можете да ги посакате. Имате ли вие такви пријатели? Пријатели со кои сте делеле сѐ уште од најраното детство во градинка, во училишните клупи. Пријатели со кои сте ги делеле ужинките на голем одмор, домашните задачи, тајните симпатии… А сега ги делите грижите за вашите деца, си давате совети, си помагате во тешките периоди, но и ги славите среќните моменти.

Највредниот подарок во животот: Ако го имате, вие сте дел од најсреќните луѓе во светот!

Пријателите од детството се најголемиот подарок што животот може да ни го даде. Нема ништо поубаво од разгледувањето на стариот фото албум во кој сте ги овековечиле најсреќните моменти од детството на лулашките, во паркот, пред зграда, на родендените што заедно сте ги прославувале…

Спомените од заедничките игри на снегот никогаш нема да избледат, како ни моментите кога изморени од зимата и борбите со снежни топки, сте се прибирале во домовите за да земете здив и да се напиете топол чај.

Сега, кога пораснавте, нема причина зошто да се откажете од вистинските пријателства и вашите заеднички навики. Видете се со вашите пријатели од детството по долгиот напорен работен ден, напијте се топол чај и гледајте ги вашите деца како си играат надвор. Исто како да се гледате себе пред 15-20 години! Во тој момент, една спокојна насмевка ќе го украси вашето лице, бидејќи ќе сфатите колку сте среќни поради тоа што имате вистински пријател во животот.

Кога сте се чуле последен пат со вашите најдобри пријатели од детството? Не им дозволувајте на обврските потполно да ве разделат. Сварете 2 шолји топол чај или кафе, соберете ги пријателите и оживете ги спомените од минатото. Дозволете си да уживате како што сте уживале во детството, барем за момент! Не заборавајте дека малите работи го прават животот поубав и поисполнет!

Прочитајте ги и овие 10 причини зошто пријателите се многу важен дел од нашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар