Најважните велнес-трендови што треба да се практикуваат оваа година

Најважните велнес-трендови што треба да се практикуваат оваа година

Годината што дефинитивно нè прикова дома донесе со себе промена во начинот на живот, но и во начинот на кој пристапуваме да се грижиме за себе. Здравјето на кожата стана приоритет, популарноста на чистите производи за убавина е зголемена, а решивме да посветиме уште поголемо внимание на исхраната. Кога ќе ги земеме предвид сите горенаведени, ќе добиеме голем број трендови за кои сме сигурни дека ќе се практикуваат и во оваа година.

Најважните велнес трендови што треба да се практикуваат оваа година

1. Создавање здрави дневни ритуали

Работејќи од дома, моравме да смислиме некои нови навики кои ќе ни го „скратат“ денот. Или можеби сте решиле да го започнете денот со здрав појадок, а можеби вклучивте и ново смуди. Минатата година роди нови дневни ритуали за повеќето луѓе на кои веројатно ќе продолжат да се придржуваат.

2. Хормонална врска и менструален циклус

Приватните консултации, како и конференциите преку Интернет, подкастите и предавањата за тоа како да ги подобрите вашите циклуси, плодноста или едноставно да решите низа репродуктивни проблеми, ќе станат центар на интерес на секоја жена.

3. Едноставни решенија

Минатата година секако нè научи дека не треба многу за да бидеме активни и да вежбаме. Опремата за вежбање е веројатно најчесто нарачуваниот предмет преку онлајн-купувањето. Враќањето на вежбањето дома или, на пример, трчањето во соседството, нè освести дека не ни требаат скапи спортски сали или приватни тренинзи. Потребна е само добра волја.

4. Зајакнување на имунитетот

Појавата на вирусот ковид-19 го доведе во прашање имунолошкиот статус на многумина. Одеднаш сфативме колку е важна отпорноста на организмот кон болести и вируси и како таа се добива не само со диета, туку и со начинот на живот, намалувањето на стресот, доволното спиење. Зајакнувањето на имунитетот сигурно ќе биде приоритет за многумина и оваа година, така што употребата на лимон, ѓумбир или куркума ќе продолжи да се зголемува.

Најважните велнес трендови што треба да се практикуваат оваа година

5. Холистички пристап кон здравјето

Холистичкиот пристап кон здравјето има голема популарност во последниве години. Дури и некои од најголемите научници изјавија дека ако ја скршите раката, одите во болница, но ако се борите со автоимуна болест, потребно е да барате решение во природата, медитацијата, психотерапијата и исхраната. Сè повеќе луѓе ќе се свртат кон себе и кон оние кои можат да им помогнат да го пронајдат својот личен пат кон заздравување.

6. Ментално здравје

Неодамнешните трагедии и стресови нанесени не само на погодените области, туку и на сите кои се во контакт со неодамнешните настани, нè научија колку е важно прво да се смириме за да можеме воопшто да му помогнеме на некој друг. Минатата година дефинитивно остави свој белег врз менталното здравје на сите во светот, особено на оние кои поминаа низ разорните земјотреси заедно со пандемијата. Советувањето преку Интернет и одењето кај психолози, како и вклучувањето на медиумите во истите прашања сигурно ќе продолжат.

Прочитајте кои 8 вежби согоруваат повеќе калории од трчањето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар