Најсреќните луѓе живеат според овие 4 правила

Заслужуваме да бидеме среќни“. Независно колку пати ја слушаме оваа реченица, таа секогаш ќе звучи себично и егоистично составена од нереални зборови кои немаат значење, особено ако ја споредиме со нашата работа, со сметките кои треба да се платат, како и со пријателските и љубовните врски. Се разбира, сите би сакале да бидеме среќни, но постојат други поприоритетни работи на кои треба да се сконцентрираме…

Најсреќните луѓе живеат според овие 4 правила

Но, дали е тоа навистина така? Има ли нешто поважно од уживањето во животот? Има ли нешто поважно од тоа да се потрудиме да ги исполниме нашите цели и аспирации и да ја пронајдеме среќата? Постои ли некаков водич кој ќе ни помогне во таа наша потрага? Во продолжение прочитајте ги 4-те правила според кои живеат најсреќните луѓе на светот и дозволете мотивацијата и инспирација да станат ваши секојдневни практики.

1. Дајте си дозвола да го правите она што навистина го сакате

Најсреќните луѓе живеат според овие 4 правила

Вашата дозвола е единствената која има значење. Луѓето трошат премногу време во чекање потврда или дозвола од другите луѓе за да го направат она што го сакаат. Токму поради тоа често не ги споделуваат своите идеи, не посегнуваат по новото, се воздржуваат од учењето на нови вештини, од запознавањето нови пријатели или од вкусувањето нови рецепти. Освен ако не се благородни, потребни или корисни за сите други, ние не се осмелуваме да ризикуваме со новите можности. Она што треба да го направиме е да престанеме да се грижиме за реакциите на другите и да се фокусираме на нашите потреби со цел да живееме на начин на кој ќе се гордееме.

2. Секојдневно правете мали работи кои ве радуваат

Најсреќните луѓе живеат според овие 4 правила

Сите околу вас во секој момент можат да ви дадат листа од 100 работи кои треба да ги направите за нив, но единствената личност која може да си ги дозволи малите задоволства кои ги посакува сме самите ние. Топла купка, малку време да прочитаме добра книга, да го гледаме новиот филм, да го јадеме нашето омилено чоколадо, па дури и да испиеме шолја кафе покрај која е испишана некоја инспиративна порака. Посветувајќи се на себеси и правејќи работи кои нè радуваат е најдобриот начин да го потрошиме времето.

3. Опкружете се со убави работи

Најсреќните луѓе живеат според овие 4 правила

Уметност, музика, храна. Опкружете се со нешта кои се вистински убави, не само естетски добри, туку и автентични, реални и природни. Поглед од планината, совршено направена торта, вистински и искрен разговор со најдобриот пријател… Опкружете се со вистинска убавина и вашиот живот ќе стане едно прекрасно искуство.

4. Никогаш не дозволувајте парите, статусот или другите луѓе да ја кршат вашата идеја за мир

Најсреќните луѓе живеат според овие 4 правила

Парите и мислењата на другите луѓе доаѓаат и си одат. Мирот, благосостојбата и задоволството трпеливо нѐ чекаат во нашите срца, додека ја пренасочуваме среќата на работи кои ќе поминат. Кога ќе се ослободиме од таа површност, ќе ја искусиме среќата и мирот кои отсекогаш биле со нас.

Гледајте напред, а не назад. Дозволете мирот да дојде од вашето едноставно, чудесно постоење. Од вашето срце и од ништо друго.

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар