Најпопуларниот тренд за убавина за 2016 година веќе го имате во вашиот несесер!

Се прашувате кој е најголемиот тренд за убавина оваа година? Само погледнете во вашиот несесер со козметика и веќе го имате одговорот! Овој софистициран и секси тренд го поставиле прочуените диви, манекенки и старлети, а станува збор за мат карминот и тоа оној со нијанса на кожата.

Најпопуларниот тренд за убавина за 2016 година веќе го имате во вашиот несесер!

Блогерките за убавина и познатите личности го прифатиле овој тренд, а „обичните“ жени полудеа за истиот, затоа што е практичен, елегантен и совршен за визуелно зголемување на усните. Сигурно веќе сте го испробале ова, но за совршени усни со боја на кожата, потребно е да ги следите овие пет златни правила.

1. Пилинг на усните

Усните со боја на кожата откриваат мали недостатоци и затоа е важно вашите усни секогаш да бидат негувани и меки. Брз пилинг можете да си направите така што ќе ги четкате со стара четка за заби, два до три пати неделно.

2. Не заборавајте го коректорот

Ако пред нанесувањето кармин, на усните ставите коректор со боја на кожа, вие ќе ги подготвите совршено. Ова ќе ви помогне да го намалите можното црвенило околу усните и да ги „сокриете“ неправилните рабови.

Најпопуларниот тренд за убавина за 2016 година веќе го имате во вашиот несесер!

3. Молив за усни

Исцртајте ги усните со молив во нијанса на карминот. Така ќе ги дефинирате контурите, визуелно ќе ги зголемите и ќе направите карминот да биде поинтензивен и подолготраен.

4. Нанесете го карминот со прстите

Професионалните шминкери советуваат дека најдобра „алатка“ за нанесување на карминот се вашите прсти. Тие тврдат дека на овој начин усните ќе ви изгледаат помеки и поприродни и дека карминот подолго време ќе се задржи на вашите усни.

Најпопуларниот тренд за убавина за 2016 година веќе го имате во вашиот несесер!

5. Изберете ја вистинската нијанса

Важно е да ја пронајдете вистинската нијанса за себе. Избегнувајте целосно бледи бои. На пример, доколку имате светол тен, тогаш одлучете се за розови нијанси или боја на праска. За средна или темна кожа, користете нијанси кои по малку наликуваат на кафеави.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар