Најдобрите 10 рецепти за домашна детокс вода

Најдобрите 10 рецепти за домашна детокс вода

Автор: Катерина Каланоска


Сте се обиделе ли некогаш да додадете малку овошје или зеленчук во барем една чаша вода во текот на денот или пак мотото „Детокс вода за поздрав живот“ ви е непозната тема? Сте го почувствувале ли мирисот на ѓумбирот или аромата на краставицата во вашиот секојдневен пијалак?

(0) Најдобрите 10 рецепти за домашна детокс вода

Дали сте знаеле дека само малку овошје и зеленчук во една чаша вода помагаат при намалување на телесната тежина и шансата за појава на рак, а исто така придонесуваат и во борбата против ракот? Верувајте, нема ништо повеќе освежувачко од еден супер вкусен пијалак измешан со многу витамини кои можат да ви го разубават секое утро.

Во продолжение следуваат 10-те најдобри рецепти за домашна детокс вода, кои ќе ви помогнат да тргнете во вистинската насока кон здравиот живот.

1. Детокс вода со лимон и ѓумбир

(1) Најдобрите 10 рецепти за домашна детокс вода

Киселкастиот вкус на лимонот и малку чудната арома на ѓумбирот, помешани со чаша вода, се сметаат за најдобрата „пикантна“ напивка за слабеење со која ништо друго не може да се спореди.

Потребни состојки:
  • 350 милилитри вода
  • 1 сантиметар корен од ѓумбир
  • 1/2 лимон
Начин на подготовка:

Исцедете го лимонот и потоа сокот измешајте го со потребната количина вода. Измелете го ѓумбирот најситно што можете и додајте го во мешавината со вода и лимон.

Напомена:

Овој пијалак има способност да го прочисти вашето тело во рок од три дена, па затоа е препорачливо да се консумира со мали паузи, неколку пати на ден. Можете да пиете и само по една чаша, секое утро, но тогаш паузата мора да ја правите на четири до пет дена.

2. Детокс вода со лубеница

(2) Најдобрите 10 рецепти за домашна детокс вода

Освежувачкиот вкус на лубеницата, кој е незаменлив за време на летните горештини, комбиниран со малку вода создава прекрасен пијалак кој ги чисти сите непотребни материи од телото.

Потребни состојки:
  • 300 грама лубеница, исечкана на коцки
  • 1 литар вода
Начин на подготовка:

Ставете ги парчињата лубеница во сад со вода и потоа ставете го на неколку часа во фрижидер.

Напомена:

Оваа напивка може да се консумира повеќе пати во денот и да се комбинира по вкус.

3. Детокс вода со малина и нане

(3) Најдобрите 10 рецепти за домашна детокс вода

Миризбата на ментол на нането и непредвидливиот вкус на малината, комбинирани заедно, создаваат прекрасен вкус кој помага за намалување на телесната тежина и регулирање на исхраната.

Потребни состојки:
  • 2 литри вода
  • 2 супени лажици малини, свежи или замрзнати
  • 2 супени лажици ливчиња од нане
  • 1 лимета
Начин на подготовка:

Ставете ги малините во водата. Иситнете ги ливчињата нане, па потоа додајте ги и нив во смесата. На крај, исечкајте ја лиметата на кругови, па додајте ја врз останатите состојки.

Напомена:

Оваа напивка е „поразредена“, но доколку сакате да ги засилите мирисот и вкусот на нането и малината, тогаш, пред да ја додадете лиметата, ставете ја комбинацијата од малина и нане во микробранова на 30-тина секунди, па потоа додајте ја лиметата.

4. Детокс вода со боровинки и лаванда

(4) Најдобрите 10 рецепти за домашна детокс вода

За некои можеби звучи чудно, но лавандата е совршена состојка кога барате нешто здраво за опуштање на мозокот и телото. Обилноста на витаминот Б во боровинката, и моќта за смирување на лавандата, ја прават оваа детокс вода број еден на листата за опуштање.

Потребни состојки:
  • 75 грама боровинки
  • 1,8 литри вода
  • Неколку ливчиња цвет од лаванда
Начин на подготовка:

Ставете ги боровинките и лавандата во водата и оставете ги да отстојат 30 минути.

Напомена:

Оваа детокс вода е најдобро да се консумира пред спиење.

5. Детокс вода со портокал и краставица

(5) Најдобрите 10 рецепти за домашна детокс вода

Имате потреба од пијалак кој истовремено ќе ви ги исчисти целиот дигестивен тракт и црниот дроб и ќе ви го ослободи стомакот од сите непотребни токсини и маснотии? Комбинацијата од портокал и краставица може да биде совршен избор за вас.

Потребни состојки:
  • 2 до 3 литри вода
  • 2 големи портокали
  • 1 лимон
  • 1/2 голема краставица
  • Шака ливчиња нане
Начин на подготовка:

За почеток, исечкајте ги портокалите, лимонот и краставицата на кругови, ставете ги во половина од водата и благо гмечете ги додека не добиете совршен спој од сите вкусови. Потоа, земете го нането, додајте го во садот со останатите состојки и нежно промешајте. За крај, налејте го остатокот од водата.

Напомена:

Овој пијалак има рок на траење – 2 дена после правењето веќе не е здрав за консумирање.

Продолжете на следната страница за останатите 5 рецепти…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар