Најдобрите 10 рецепти за домашна детокс вода - Part 2

Најдобрите 10 рецепти за домашна детокс вода

6. Детокс вода со јаболко и цимет

6-najdobrite-10-recepti-za-domashna-detoks-voda-www.kafepauza.mk_

Комбинацијата од јаболко и цимет е доста позната и особено можеме да ја сретнеме во тортите. Но, дали некогаш сте пробале да направите детокс вода мешајќи ги овие два природни продукти? Верувајте, нема да погрешите доколку пробате.

Потреби состојки:
  • 1 литар вода
  • 1 јаболко
  • 1 стапче цимет
Начин на подготовка:

Исечете го јаболкото на тенки кругови и ставете го во сад кој потоа ќе го наполните до половина со мраз. Додајте го циметот и на крај, дополнете го садот со водата.

Напомена:

Не се препорачува да се користи цимет од кесичка бидејќи ќе ја замати водата и ќе се одрази на текстурата на пијалакот. Оваа детокс вода се пие во рок од 24 часа од правењето.

7. Детокс вода со јагоди

(7) Најдобрите 10 рецепти за домашна детокс вода

Ако сте љубител на црвените убавици, тогаш оваа детокс вода е извонредна напивка за вас. Лесна и брза детокс вода за подготовка која ќе створи задоволство од вкусови.

Потребни состојки:
  • 450 грама јагоди
  • 1 литар вода
  • Мраз
Начин на подготовка:

Измешајте ги јагодите и водата во бокал и оставете ги да отстојат 10-тина минути. Пред сервирање, ставете мраз во пијалакот.

8. Детокс вода со краставица и босилек

(8) Најдобрите 10 рецепти за домашна детокс вода

Моќта на босилекот да ви ја намали потребата за јадење и прекрасната арома на краставицата се прекрасна комбинација која освежува и која ќе ви олесни за време на диетата.

Потребни состојки:
  • 1 литар вода
  • 1 средно голема краставица
  • 1 лимон
  • 1 лимета
  • 45 грама свеж босилек
Начин на подготовка:

Исечете ги краставицата, лимонот и лиметата на кругови, ставете ги во водата и добро промешајте. Потоа, ставете го босилекот, повторно измешајте и ставете го садот со овие состојки во фрижидер.

Напомена:

Смесата треба да стои 20-тина минути во фрижидер пред консумирање, а да се искористи во рок од 2 дена.

9. Детокс вода со боровинки и мандарини

(9) Најдобрите 10 рецепти за домашна детокс вода

Комбинацијата од боровинки и портокали претставува задоволство од вкусови кои истовремено ги отстрануваат непотребните материи од телото и помагаат во регулирање на притисокот.

Потребни состојки:
  • 1,4 литри вода
  • 2 портокали, исечкани на мали парчиња
  • Шака боровинки
  • Мраз
Начин на подготовка:

Измешајте ги водата, портокалите и боровинките и оставете ги да отстојат во фрижидер од 2 до 24 часа. Пред консумирање додајте мраз.

Напомена:

Пијалакот се пие во рок од 24 часа.

10. Витаминска бомба

(10) Најдобрите 10 рецепти за домашна детокс вода

Доколку претходните рецепти ве ставија во дилема која детокс вода да ја приготвите, тогаш искрено ви го препорачуваме последниов. Овој пијалак е преполн со витамини кои му даваат сила и го прочистуваат телото.

Потребни состојки:
  • 2 до 3 литри вода
  • Малини
  • Лимон
  • Лубеница
  • Манго
  • Краставица
  • Јаболко
  • Вишни
Начин на подготовка:

Сите состојки исечкајте ги ситно и ставете ги во водата. Оставете ја смесата да отстои неколку минути во фрижидер.

Напомена:

Наместо малини, можете да искористите јагоди, а исто така и мангото можете да го замените со кое било тропско овошје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар