Најдобриот одговор на прашањето „Кажи ми нешто за себе“ на интервју за работа

Најдобриот одговор на прашањето „Кажи ми нешто за себе“ на интервју за работа

Гери Барнисон, директор на фирма за регрутирање, открива како да се однесувате на интервју за работа за да бидете вработени.

Најдобриот одговор на прашањето „Кажи ми нешто за себе“ на интервју за работа

Работодавците може да ви постават секакви прашања за време на интервјуто за работа, но едно од најчестите е „Кажи ми нешто за себе“. Најдобриот одговор кој Гери го добил на ова прашање гласи: „Се имам качено на највисоките планини на секој континент, вклучувајќи го и Монт Еверест“.

Оној работодавач кој нема да биде импресиониран од овој одговор сигурно има нереални стандарди. Факт е дека оваа кандидатка која ги искачила највисоките врвови во светот е успешна. Гери, кој раководи со фирмата „Корн Фери“, открива што точно бараат работодавците од кандидатите.

Не се плашете да бидете тоа што сте

Премногу луѓе на интервјуата за работа одговараат со рецитирање на своето резиме. Но, потребно е да кажете нешто што не стои во резимето, а може да ве претстави пред работодавачот. Кое било искуство слично на она на кандидатката која го искачила Монт Еверест може да отвори тема за разговор со работодавачот.

Ризикувајте

Работодавачот веќе го има разгледано вашето резиме и знае какво е вашето претходно работно искуство. Предлогот да му/ѝ кажете нешто за себе е повик да споделите некоја анегдота или лична информација која ќе ја покаже вашата лична страна.

Опуштете се

Секој може да каже нешто интересно за себе, без разлика дали станува збор за хоби или необичен спорт. Важно е тоа да го раскажете на начин благодарение на кој ќе му останете на работодавачот во сеќавање. Затоа, мора да бидете опуштени за да се претставите подобро.

Покажете дека сте страсни

На работодавците им е битно и дека се интересирате за нешто, без разлика за што се работи. Тие не сакаат пасивни работници, туку активни. Доколку трчате, тоа значи дека сакате предизвици, а доколку учите необичен јазик, тоа значи дека не се плашите да научите нешто ново и постојано да се надградувате.

Бидете автентични

На интервјуто за работа најдобро е да покажете дека сте автентични. Опуштете се, бидете такви какви што сте и зборувајте искрено. Работодавачот ќе забележи ако лажете.

Откако ќе завршат прашањата од страна на работодавачот, еве 5 прашања што вие треба да ги поставите на интервјуто за работа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар