Најдобриот начин да го организирате вашиот фрижидер
Автор: Зорица Тодорова
Фрижидерот не е само обично складиште за храна – тој е високо-технолошка направа која ви овозможува да ги чувате своите омилените грицки и оброци во најпогодни услови. Кога го полните вашиот фрижидер, најверојатно не ја земате предвид моќта што неговите посебни прегради и зони ја имаат. Колку подобро научите што се складира во секоја посебна преграда, толку подобро ќе ја зачувате храната свежа, а воедно и ќе заштедите на пари. Во тоа ќе ви помогне следниот водич за организирање на вашиот фрижидер (и можеби ќе ги задоволите вашите опсесивно-компулсивни нагони).

Чекор 1: Поставете ја температурата на вашиот фрижидер на помеѓу 1,7°С и 4,4°С, а замрзнувачот на -18°С. Ова спречува размножување на бактериите, а секоја повисока температура веднаш ќе ја расипе вашата храна со што ризикувате да добиете труење.
Чекор 2: Следната слика ќе ви помогне да го одржите вашиот фрижидер уреден, а вредно заработените пари в џеб, наместо на сметката на снабдувачот со електрична енергија. За да го искористите максимумот од просторот во фрижидерот:
- Спакувајте ги замрзнатите работи во вакумирани пластични ќеси, наместо во стаклени тегли кои зафаќаат повеќе место
- Онаа храна која потешко се расипува чувајте ја на вратите од фрижидерот, бидејќи тоа е најтоплата област внатре
- Остатоците од храна и пијалаците сместете ги на горните полици, каде температурата е најпостојана
- Месото, јајцата, морската храна и другите намирници кои треба да бидат ладни чувајте ги на долните полици
- Користете ги пластичните кутии! Дизајнирани се специјално за овошјето и зеленчукот.
Една од потешките дилеми поврзани со фрижидерите е што треба да се чува внатре, а што не. На одредени намирници местото не им е во фрижидер. Доматите на пример, веднаш го губат својот мирис, затоа најдобро чувајте ги на собна температура. Авокадото и повеќето други овошја можат да се остават исто така на собна температура, но за да се забави процесот на расипување може да се чуваат и во фрижидерот.

