Најчестите заблуди за стриите

Најчестите заблуди за стриите

Појавата на стриите, кои всушност се оштетено сврзно ткиво, зависи од гените, односно колку вашата кожа е растеглива, како и колку е снабдена со колаген и витамин Е. Ова се неколку митови поврзани со оваа непосакувана појава.

Најчестите заблуди за стриите

1. Само трудниците можат да имаат стрии

Стриите во поголема или помала мера се јавуваат кај сите трудници, но се појавуваат и кај сите луѓе кои нагло ќе се здебелат или ослабат.

2. Стриите можат да се спречат

Ризикот од наставување на стрии ќе се намали само доколку внимавате на исхраната и ги држите килограмите под контрола. Радикалните промени на тежината со сигурност доведуваат до појава на стрии на кожата.

3. За време на бременоста, стрии се појавуваат само на стомакот

За време на бременоста, најголемиот број на стрии се појавуваат на стомакот, бидејќи таму кожата најмногу се растегнува, но се појавуваат и на градите, задникот, бутовите и на надлактиците.

4. Кога се слабее тие не се појавуваат

Во некои случаи ова е точно, но кога стриите веќе се настанати, големи се шансите за нивна повторна појава, бидејќи растегнатата кожа тешко се враќа во првобитната состојба.

5. Стриите можат да исчезнат со повремена употреба на крема

За да се ослободите од стриите, морате да бидете исклучително упорни и дисциплинирани, особено доколку користите само домашни третмани. Многу е важно да нанесувате крема на спорните места, двапати дневно. Таа нема толку многу да делува на веќе создадените стрии, туку повеќе ќе делува превентивно за да не настанат нови.

6. Малите деца и тинејџерите не можат да имаат стрии

Токму во тие години зачестена е појавата на стрии, а најчест предизвикувач е наглото извишување. Меѓутоа во тие години стриите многу побрзо избледуваат, за разлика од подоцнежните години.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. МC Reply

    Се’ е ова добро познато. Прашањето на кое никаде не можам да најдам одговор е зошто се појавуваат стрии кога нема ниту бременост, ниту слабеење/дебелеење, ниту извишување?!

Остави коментар