На диета сте и вежбате, но не слабеете? Еве каде грешите...

На диета сте и вежбате, но не слабеете? Еве каде грешите…

Дали правите сѐ исправно во својата исхрана и редовното вежбање, а и понатаму не гледате резултати? Можеби грешката се наоѓа на друго место…

1. Протеините се добри, но само во одредена мера

Постојат многубројни диети кои нè присилуваат да внесуваме многу прехранбени производи што содржат високо ниво на протеини во однос на некои други. Тоа е погрешно. На Интернет можете да пронајдете разни онлајн калкулатори кои може да ви помогнат да пресметате колку грама протеини треба да внесете во однос на вашата тежина и висина.

2. Намалете го консумирањето шеќер

Здравиот разум ни вели дека кога ќе започнеме некоја диета треба да ги избегнуваме слатките и колачите. Но, дали сте знаеле дека постојат и многу други прехранбени производи кои содржат многу повеќе шеќер отколку што мислите? Посветете повеќе внимание на читањето на етикетите на производите од млечните производи и соковите.

3. Злоупотребување на кардио вежбите

Сите ние знаеме дека трчањето и кардиоваскуларните вежби помагаат при губењето на килограмите, меѓутоа според една студија од Оксфорд, тие може да бидат и штетни за телото, особено за срцето доколку претерувате и ако вашето тело не е навикнато на редовно вежбање.

2=6-mitovi-za-tezhinata-vo-koi-mora-da-prestanete-da-veruvate-www.kafepauza.mk_

4. Ако јадете помалку не значи дека побрзо ќе ја изгубите тежината

Основата на добрата и здрава исхрана е оброк помеѓу 2-3 часа. Нутриционистите препорачуваат да јадете 5 пати дневно за да не се појави чувството на глад, но и да го одржувате нивото на шеќер на нормала. Наместо да исфрлите еден оброк, а потоа да се почестите со голем оброк, организирајте си помали и почести оброци.

5. Да, добро е да се опуштите понекогаш

Многубројни нутриционисти советуваат дека е пожелно понекогаш да се наградите додека сте на диета, бидејќи тоа ќе ви помогне околу анксиозноста која се појавува од стриктните диети, а со тоа и ќе му дадете на мозокот награда и енергија за продолжување.

6. За да ослабите морате добро да се наспиете

Студијата од колеџот Кинг заклучува дека луѓето кои спијат помалку од 7 часа дневно јадат повеќе храна и имаат неконтролирани пориви за прејадување и злоупотребување на храната.

3-6-mitovi-za-tezhinata-vo-koi-mora-da-prestanete-da-veruvate-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар