Мус колач од чоколадо: Кремасто задоволство без печење

Направете вкусен десерт за кој не ви е потребна рерна.

Мус колач од чоколадо: Кремасто задоволство без печење

Потребни состојки:

  • 800 милилитри млеко
  • 300 грама слатка павлака
  • 180 грама шеќер
  • 50 грама незасладено какао во прав
  • 50 грама густин
  • 200 милилитри млеко
  • 10 грама желатин во прав
  • 60 милилитри ладна вода
  • 300 грама чоколадо за готвење
  • 200 грама маскарпоне сирење
  • незасладено какао во прав за посипување

Начин на подготовка:

Загрејте ги млекото (800 мл), слатката павлака и шеќерот на средна топлина.

Во меѓувреме, измешајте ги какаото и густинот. Додајте малку млеко (200 мл) и добро измешајте.

Прелијте го желатинот во прав со ладна вода и оставете го 5-10 минути да набабри.

Истурете ја смесата со какао во топлото млеко. Оставете да зоврие и мешајте почесто. Додека мешате, отстранувајте ја смесата од какаото од ѕидовите на тенџерето бидејќи се насобира таму кога ќе почне да згуснува.

Кога ќе почне да врие, оставете ја да врие уште 5 минути и мешајте.

Тргнете ја од огнот и додајте го и измешајте го чоколадото.

Стопете го желатинот на ниска температура и веднаш тргнете го од огнот. Желатинот не смее да зоврие.

Додајте го желатинот во смесата со чоколадото и добро измешајте. Претурете ја смесата во голем сад, оставете ја да излади десет минути, а потоа додајте го сирењето. Мешајте со миксер додека смесата не се соедини.

Земете плех со големина од 26 цм, попрскајте го со малку вода и покријте го со целофан.

Исурете го мусот во плехот и израмнете го одозгора.

Оставете го да отстои во фрижидер преку ноќ.

Извадете го мусот од плехот – ставете еден послужавник на горниот дел од плехот и, држејќи ги плехот и послужавникот заедно, свртете го послужавникот така што тој ќе дојде на дното, а плехот одозгора.

Извадете го целофанот и посипете го мусот со какао.

Исечете го со топол нож што можете да го чувате во чаша топла вода неколку секунди или може да го загреете над топла рингла. Чувајте го мусот во фрижидер.

Погледнете како да направите кремаста фантазија од костени што ќе ве воодушеви при првиот залак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар